Швајцарски научници измислиле нов вкус на чоколадо – рубин!
Една швајцарска фирма за чоколадо тврди дека измислила четврт вид чоколадо, после млечното, темното и белото – за прв пат после 80 години! Научниците од шајцарскиот чоколаден гигант Barry Callebaut велат дека за својот нов рецепт користеле рубинови какао семки за да создадат чоколадо со вкус на шумско овошје.
Новиот десерт, наречен рубин по својата карактеристична црвена нијанса, е досега четврт вид чоколадо – последниот изум на ова поле била белата чоколада, измислена во 30-тите години. Компанијата се надева дека ќе успее да го привлече вниманието на сите зависници од чоколади како и на милениумците.
Овошниот вкус доаѓа од самиот вид какао зрна, што значи дека и тој и бојата е целосно природна. Ангус Кенеди, индустриски експерт, вели:
„Станува збор за нешто многу различно и паметно. Тоа е освежувачко и има лесна, кремаста текстура. Вкусот е многу лесен и овошен и ако не знаете дека станува збор за чоколадо, нема ни да можете да го претпоставите тоа, што значи дека потрошувачите ќе можат да го јадат во поголеми количини од обичните чоколади.“
Па, што мислите вие за овој производ? Би му дале шанса или пак, не би се откажале од класичниот вкус на чоколадото?
Имаме лоши вести за љубителите на белото чоколадо: Дознајте ја вистината за овој сладок десерт!