Што значи „дебелеење на нервна база“?

Што значи „дебелеење на нервна база“?

Фразата со која често кажуваме што е причината за некој наш проблем со чувствата или состојбата во која се наоѓаме, гласи: „Сè е тоа на нервна база“. И тоа е многу повеќе од точно, бидејќи сè е на нервна база. И кога многу добро се познаваме себеси, и понатаму имаме „нервна база“ која си го прави своето, бидејќи е директно поврзана со нашето тело и психа, на кои често не можеме да им обезбедиме сè што им е потребно.

1-shto-znachi-debeleenje-na-nervna-baza-www.kafepauza.mk_

Кога се во прашање вишокот килограми, скоро секоја жена е свесна за импулсот „нервна база“. Се познаваме себеси доволно, па знаеме дека се дебелееме кога сме незадоволни, во страв, преоптоварени со обврски, емотивно неисполнети, под стрес и ненаспани. На нашето тело му треба гориво, а кога нешто му го попречува балансот, потребен ни е резервоар. На менталната стабилност ѝ е потребна вкоренетост во животот, а за телесната преводот е буквален – треба да ја притиснеме земјата со што поголема тежина и да заземеме поголем физички простор.

Зошто го губиме апетитот и слабееме кога сме заљубени?

Бидејќи тогаш летаме како балон, не ја допираме земјата и исполнети сме со емоции кои ја одредуваат нашата телесна хемија. Се активираат резервоарите, се зголемува нивото на среќни хормони и воопшто не нè интересира да се вкорениме кога чувствуваме дека можеме да летаме. Леснотијата и брзината со која се движиме низ периодот на заљубеност резултира со намалена телесна тежина, со брзина која никогаш не ја постигнуваме со никаква диета или дисциплина.

Некои жени слабеат од грижи и проблеми, а некои се дебелеат. Оние кои копнеат „се јадат однатре“ и се намалуваат, како да забораваат на себе и на својата моќ да управуваат со својот живот и како на тој начин полесно да ќе се провлечат низ замките на животот. Оние кои се дебелеат, се спротивставуваат на стравовите со зголемување на калориите. И тоа се механизми кои главно не се менуваат, т.е. ретко на некоја личност да ѝ се случува и едното и другото.

Успешното симнување на килограмите – доколку изостане заљубувањето, како ракетно гориво кое нѐ полетува директно кон ѕвездите (витки и сјајни) – почнува во моментите на „кршење“ – кога ќе ни се смачи, кога ќе се налутиме на својата слабост или пак на силата на „механизмот на нашата нервна база“ и кога ќе се одлучиме да се спротивставиме на тоа нешто во нас, што управува со нашата килажа. Кога ќе си кажеме на себе „не можам повеќе вака“, но не на тој начин како што стопати сме си кажале, загрижено и очајно, туку луто и заповедно.

2-shto-znachi-debeleenje-na-nervna-baza-www.kafepauza.mk_

Тогаш стануваме како невоспитано мало детенце на кое започнуваме да му воведуваме дисциплина. Тоа е добар импулс, но не успева секогаш. Не можеме доволно долго да бидеме лути на себе со ист интензитет, а можеме да станеме лути затоа што сме гладни. Но, затоа пак, често поради успехот што сме изгубиле неколку килограми, имаме волја да продолжиме понатаму.

И кога ќе постигнеме успех, некое време уживаме во себе, а потоа работите ќе станат обични, паѓаме во рутина и се враќаме на „механизмот на нервна база“. Понекогаш доста долго ја одржуваме линијата без некои напори и одрекувања, но тогаш наидуваат периоди во кои нашата потреба да заземеме одбранбен став кон животот и да ја притиснеме земјата со поголема маса, нè обзема.

Треба да исклучиме неколку механизми за да ја задржиме нашата линија, а тоа значи да поработиме на нервната база., т.е. да го промениме начинот на живот и на своето тело и дух да им обезбедиме услови за одмор, активност, креативност и задоволство – да ги промениме сигналите кои доаѓаат од „нервната база“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар