Претходно
Што значи да си доктор на науки?
Датум: 09 апр 2014
Коментари: 0
Размислувате да го продолжите образованието и да се стекнете со докторат? Професорот Мет Мајт од Универзитетот во Јута ја илустрира работата на истражувачите – доктори на науки на многу интересен начин.
Замислете круг кој го содржи сето знаење на светот.
Додека да завршите основно школо знаете многу малку.
Штом завршите средно знаете уште малку повеќе.
Кога ќе завршите факултет, се стекнувате со некоја специјалност.
Со магистратура се усовршувате во таа специјалност.
Читањето научни студии ве носи до работ на знаењето.
Штом ќе ја допрете границата, добивате фокус.
Ја туркате границата неколку години.
Додека еден ден таа не попушти.
Таа вдлабнатина што сте ја направиле ве прави доктор на науки.
Секако, светот ви изгледа поинаку во моментов.
Па затоа, никогаш не заборавајте ја големата слика.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.