Што значи да се биде добар татко?

Што значи да се биде добар татко?

Често знаеме да спомнеме за почитта која ја заслужуваат мајките и да им купиме цвеќе на 8-ми март. Но, колку често помислуваме на нашите татковци и љубовта и грижата која ни ја посветуваат нам? Ова се карактеристиките на добриот татко, кој исто како и сите луѓе не е совршен, но секогаш ќе биде посебен во очите на ќерка си.

Еве каков татко ѝ треба на секоја девојка, па ова нека биде пример за сите идни татковци.

Што значи да се биде добар татко?

1. Татко кој ја сака и почитува својата сопруга и кој покажува нежност и љубов кон неа и во јавност. Кога девојката ќе порасне ќе ги бара овие квалитети и кај својот сопруг.

2. Татко кој ги почитува своите родители како и родителите на неговата сопруга и се грижи за нив. Таквиот татко е вистински пример за своите ќерки кои ќе научат да бидат грижливи а не себични.

3. Татко кој не пцуе и избегнува да пуши цигари или пие алкохол пред своите деца, а со тоа ги учи да не им се покорат на овие пороци кога ќе пораснат.

4. Татко кој е присутен, не само физички. Едноставно е тука и вклучен е во процесот на созревање и растење на неговата ќерка. Знае за нејзините проблеми, слабости и грижи и ѝ помага да ги надмине.

5. Татко кој често ја носел на раменици кога била малечка.

6. Татко кој ќе ја потапка ќерка си по рамо покажувајќи ѝ поддршка и влевајќи ѝ храброст. Тој ја чита нејзината трема и загриженост пред некој голем чекор во животот и тука е да ѝ даде сигурност.

7. Татко кој додека неговата ќеркичка била мала ја држел во раце, ја фрлал во воздухот за веднаш потоа да ја фати во своите прегратки. Така ја научил својата ќерка да не се плаши од височини.

8. Татко кој се однесува како суперхерој дури и тогаш кога и самиот е исплашен и несигурен.

9. Татко кој ќе ја научи својата ќерка макар на една „машка“ работа како менување гума од автомобил, на пример.

10. Татко кој нема да покаже нервоза и да го изгуби трпението пред својата ќерка без разлика колку денот му бил стресен. Ќе се труди недоразбирањата со другите да ги решава на мирен начин и да не покаже агресивност пред својата ќерка.

11. Татко кој знае кога и како да повлече граници за да не ја размази својата ќерка.

12. Татко кој дава пример за здрав и активен живот. Внимава на својата исхрана и се занимава со некаков спорт.

13. Татко кој знае внимателно да критикува, но и да дели пофалби.

14. Татко кој никогаш не го заборава роденденот на ќерка си.

15. Татко кој ги разбира (или покажува дека се труди да ги разбере) проблемите на една тинејџерка.

16. Татко кој знае отворено да зборува со ќерка си за многу животни проблеми и ситуации.

17. Татко кој се однесува добро со пријателите на неговата ќерка.

18. Татко кој умее да зборува со својата ќерка за љубов и за врски а особено за начинот на кој момците размислуваат. Тоа што неговата девојка расте нема да дозволи сосема да ги оддалечи еден од друг. Наместо тоа ќе остане инволвиран во животот на ќерка си.

19. Татко кој се грижи за ќерка си и за тоа што веќе почнала да излегува со момчиња.

20. Татко кој нема да дозволи некој да не ја почитува неговата ќерка.

21. Татко кој ѝ дозволува на ќерка си да застане зад воланот откако ќе добие возачка дозвола.

22. Татко кој ѝ верува на ќерка си и ѝ дава поголема слобода како што расте, истовремено давајќи ѝ до знаење дека неговата доверба не смее да биде изневерена.

23. Татко кој знае без никаква причина да ја прегрне ќерка си и не се плаши да покаже дека ја сака иако е веќе голема девојка.

24. Татко кој ја поддржува ќерка си во остварувањето на нејзиниот сон.

25. Татко кој скришно ќе ги избрише солзите на денот кога неговата ќерка ќе се омажи.

26. Татко кој ќе посвети исто толку љубов и грижа за своите внуци.

27. Татко кој е горд на својата ќерка и не ја споредува со други. За него таа е совршена.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар