Што значи бојата на вашата аура?

Што значи бојата на вашата аура?

Сите живи суштества на кои им е потребен кислород имаат аура. Тие генерираат магнетна енергија која може да биде почувствувана, па дури и видена околу физичкото тело. Ние секогаш знаеме кога некој е гневен или пак кога се чувствува убаво. Нема потреба од никакви психички моќи за да можете да почувствувате нечија аура.

shto-znachi-bojata-na-vashata-aura-kafepauza.mk

Ако некој помине многу близу до вас, тој може ненамерно да „украде“ дел од вашата енергија. Ако некој ненадејно ве фати за рака, тој го прекинува протокот на енергија околу вашето тело. Пример за ова е кога разговарате со некој и кога мислите дека тој стои премногу блиску до вас, па затоа малку се оддалечувате.

Обично аурата е на 90 сантиметри од вашето тело, но кај жртвите на насилство таа може да биде и до 1.000 сантиметри широка. Аурите често се поврзуваат со луѓето, но всушност секое живо суштество ја генерира оваа енергија. Аурата може да ни даде увид кон духовната, емоционалната и физичката состојба на одредена личност. Погледнете го и значењето на секоја боја.

Црвена аура

Луѓето со црвена аура секогаш бараат нова авантура. Тие се авантуристи кога станува збор за храна, патување, па дури и сексуални партнери. Нивната мантра е: „Сè ќе пробам барем еднаш.“ Поради овој пристап кон животот, често може да се најдат во непријатна ситуација. Овие луѓе исто така лесно се разбеснуваат, дури и за најмали работи. Но, тие секогаш ќе ви помогнат кога е потребно. Обично имаат силно тело и силен ум и ретко се случува да се разболат. Поради одличното здравје, многу често овие луѓе се добри спортисти.

Брзо им станува здодевно, па постојано бараат нови проекти и врски. Често ги оставаат работите незавршени, но ако нешто навистина сакаат, се држат до тоа и имаат големи шанси за успех. Луѓето со црвена аура се директни и не се плашат да го кажат своето мислење. Обично немаат скриени мотиви и она што го гледате е она што го нудат. Овие личности имаат потреба да бидат први. Нивната натпреварувачка природа секогаш ги мотивира и поради тоа ги очекува голем успех.

Жолта аура

Жолта аура имаат луѓето кои се логичари, аналитичари и кои се многу интелигентни. Тие најмногу успеваат како професори или научници. Работат многу напорно и често се случува да ја ставаат работата пред нивните лични врски. Овие луѓе уживаат во своето друштво и не страдаат од осаменост. Склони се кон проблеми со менталното здравје и може да бидат повлечени и депресивни кога се под стрес. Луѓето со жолта аура имаат одлични вештини за комуникација, веруваат во своите способности и сакаат да ги инспирираат другите.

Тие се одлични набљудувачи и лесно ги читаат другите. Поради ова, внимателно ги избираат нивните пријатели. Не се плашат да експериментираат со нови идеи и оригинални концепти. За некои овие луѓе изгледаат чудно и необично. Овие луѓе се привлечени од сè што е необично и мистериозно. Нивната лоша особина е тоа што се премногу критички настроени кон себе и кон другите.

Розова аура

Овие луѓе сакаат да даваат и да помагаат. Секогаш се грижат за своето здравје, внимаваат на исхраната и редовно вежбаат. Тие се романтичари и штом ќе ја пронајдат својата сродна душа, остануваат верни до крај. Тие се природни исцелители и ги чувствуваат потребите на другите. Имаат многу креативни идеи и бујна фантазија. Поради ова, тие се одлични писатели.

Луѓето со розова аура мразат неправда и конфликти. Секогаш се обидуваат да го направат светот подобро место, па ако треба, тие дури и се жртвуваат. Дисциплинирани се и секогаш имаат високи очекувања од другите. Сите ги ценат поради нивната искреност.

Зелена аура

Луѓето со зелена аура се креативни и вредни. Тие бараат совршенство во сè што прават. Не дозволуваат да бидат надвладеани од нереални соништа и идеи. Нивната креативност ја искажуваат преку градинарство, готвење и дизајнирање. Овие луѓе ја забележуваат убавината и секогаш се трудат нивниот изглед и нивниот дом да бидат практични и убави.

Луѓето со зелена аура многу често се популарни и почитувани. Тие се успешни бизнисмени и многу често се богати. Сакаат сигурност и рамнотежа во нивниот живот. Пријателите на овие луѓе секогаш се третирани со почит.

Портокалова аура

Овие луѓе сакаат да бидат во друштво на други и сакаат да ги задоволуваат другите. Најчесто ги даваат најдобрите подароци бидејќи секогаш размислуваат за нив. Тие се добри и искрени и ги чувствуваат емоциите на другите.

Луѓето со портокалова аура може да бидат многу шармантни, но овој шарм произлегува од нивната чувствителност. Понекогаш овие луѓе лесно избувнуваат, но многу е лесно да им простите бидејќи секогаш се извинуваат искрено. Многу често се среќни и успешни. Нивна лоша особина е тоа што многу често брзаат без да размислат за последиците.

Виолетова аура

Ова се луѓе со психички моќи и се многу чувствителни. Луѓето кои имаат виолетова аура се сметаат за мистериозни и таинствени. Тие имаат филозофски, интуитивен ум. Сакаат да учат и никогаш не престануваат да истражуваат. Поради ова, тие се навистина интересни луѓе со многу знаење.

Немаат многу пријатели, но оние кои ги имаат се ценети и сакани. Овие луѓе обично немаат среќа во љубовта, но штом ќе ја пронајдат сродната душа, вистински ја љубат. Тие се чувствуваат поврзано со животните и природата, и ги чувствуваат емоциите дури и на животните.

Сина аура

Оваа боја е најретка. Луѓето кои ја имаат се едни од највештите во комуникацијата. Тие умеат да ги искажат своите мисли, идеи, погледи и концепти на многу привлечен начин. Тие се одлични писатели, поети и политичари. Луѓето со сина аура се исто така многу интелигентни и интуитивни. Лесно донесуваат тешки одлуки, добро се организирани и секогаш ги мотивираат и инспирираат другите.

Можат да ја смират секоја ситуација и ја ценат искреноста во нивните врски. Лошата страна на овие луѓе е тоа што се справуваат со премногу, стануваат зависни од работата и ги запоставуваат нивните лични врски.

Златна аура

Овие луѓе се љубители на убавината и се одлични уметници. Тие ги ценат убавите работи во животот и се опкружуваат со нив. Сакаат да ги забавуваат другите и уживаат во големо друштво. Луѓето со златна аура се привлечни и сакаат да го привлекуваат вниманието на многумина. Но, за возврат секогаш одвојуваат дел од нивното време, енергија и љубов.

Шармот кој го имаат само додава вредност на нивната привлечност. Тие се одлични слушатели и секој се чувствува важно и ценето во нивно друштво. Тие не сакаат да бидат критикувани и се обидуваат да ги сокријат своите недостатоци на кој било начин. Тие се многу горди и независни, и не сакаат да бараат помош од другите.

Бела/сребрена аура

Луѓето со сребрена аура се многу надарени. Користењето на овие дарови е нивна животна лекција. Тие се чувствителни, интуитивни и имаат психички моќи. Можат да го користат своето разбирање на духовноста на многу практичен начин. Поради ова, тие ги разбираат речиси сите луѓе, па најчесто се советници или учители.

Лесно донесуваат одлуки и веднаш реагираат кога има некој проблем. Луѓето со оваа аура се привлечни и имаат многу обожаватели. Но, тие исто така се внимателни и претпазливо ги одбираат своите пријатели и љубовници. Овие луѓе изгледаат убаво, имаат добар карактер и многу таленти. Успехот лесно доаѓа кај нив.

Кафеава аура

Светло кафеавата боја на аурата укажува на збунетост или обесхрабреност. Недостаток на самодоверба или страв. Темно кафеавата аура укажува на себичност и склоност кон лажење.

Црна аура

Црната аура укажува на омраза, негативност, некоја болест или депресија, мизерност. Оваа боја секогаш е лош знак.

Сега кога го знаете значењето на боите, научете и како да ја гледате вашата аура и како редовно да ја чистите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар