­
Што зборува за жените нивното омилено цвеќе?

Што зборува за жените нивното омилено цвеќе?

Мередит Вага Перез е цвеќарка од Њујорк која врз основа на своето долгогодишно искуство ги проценува жените според нивните омилени цвеќиња. Еве што според неа зборува омиленото цвеќе за вас.

Што зборува за жените нивното омилено цвеќе?

Ружа

Љубителите на ружи се љубители и на патувања и авантури. Тие се маѓепсани од различните култури, секогаш се интересни за другите и постојано се држат во цутот на младоста, барем по својот дух.

Божур

Девојките кои го сакаат божурот се многу женствени. Сакаат елегантни венчавки. Тие се чувствуваат удобно во кој било дел на светот затоа што лесно се приспособуваат.

Магнолија

Магнолијата цвета само во мај и е најстарото познато цвеќе. Жените кои ја преферираат неа се ретки и со грациозност која остава впечаток како да доаѓаат од благородно семејство.

Хортензија

Како што се менува бојата на хортензијата, така се менува и расположението на девојките кои го сакаат ова цвеќе. Тие се чувствителни и се познати како кавгаџики во своето опкружување. Немаат ништо против чаша вино или коктел после напорниот ден.

Орхидеја

Овие личности се доста итри и таинствени и освојуваат со својата мистериозност. Сакаат да патуваат на егзотични дестинации.

Лале

Овие жени водат богат и разновиден живот. Нивното животно искуство и вкусот варираат како и боите на лалињата.

Лилјан

Мередит вели дека според нејзиното искуство жените кои одбираат лилјан се благословени со долги нозе и богата колекција на чевли, а се и многу независни.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар