Што зборува крвната група за вашиот љубовен живот?
Сте знаеле ли дека во Јапонија се верува дека крвната група го отсликува вашиот карактер, нешто слично како што ние веруваме во хороскоп? Па така, додека кај нас и ширум светот луѓето ја проверуваат компатибилноста со партнерот или симпатијата врз основа на астролошкиот знак, во Јапонија некои луѓе го испитуваат нивниот љубовен потенцијал врз основа на крвната група. Во оваа држава, луѓето ја пишуваат нивната крвна група на социјалните мрежи за состанување, организираат настани со луѓе од конкретни крвни групи и постои дури и јапонски збор кој означува дискриминација според одредена крвна група – burahara.
Па доколку и вие сакате да прочитате одредени критериуми според кој ќе го оценувате потенцијалниот партнер или себеси, прочитајте како вашата крвна група влијае на вашиот љубовен живот, согласно Јапонската култура.
Група А
Луѓето со крвна група А се вредни, сериозни, сензитивни, трпеливи и воздржани. Тие се добри љубовни партнери на кои можете да се потпрете. Секогаш ќе ви вратат одговор на вашата СМС-порака. Тие обожаваат да се дружат со пријателите во комбинација со добра вечера и од нив очекуваат емоционална поддршка секогаш кога ќе доживеат стресен период на работа. Тие се добри и кул родители, кои со нетрпение ја очекуваат новата сезона од криминалистичката ТВ серија „Breaking Bad“, за да си легнат на каучот со еден вагон пуканки. Овие се многу добри квалитети за луѓето со крвна група А, а негативно им е тоа што честопати се ситничави и напнати луѓе.
Група Б
Диви, страсни, креативни и цврсти се луѓето кои имаат крвна група Б, којашто треба да ја избегнувате доколку ги слушате Јапонците. Никој таму не сака да биде во врска со некој кој има крвна група Б, бидејќи овие луѓе според нив се многу себични и неодговорни. Претпоставуваме дека многу јапонски срца биле скршени од страна на секси претставници на групата Б, со текот на годините. 🙂
Група АБ
Искулирани, прибрани, рационални, друштвени и прилагодливи се луѓето кои ја имаат оваа крвна група. Со нив е многу едноставно да изградите добра љубовна врска, но тие се типови луѓе кои никогаш нема да ве сакаат онолку колку што ги сакате вие. Тие едноставно не сакаат да си го губат умот во име на љубовта. Во секој случај, тие се добри партнери и умеат одлично да се забавуваат. Сепак, бидете внимателни бидејќи понекогаш тие знаат да бидат прекритички настроени, па бидете подготвени за цинизам доколку се во лошо расположение.
Група 0
Пријатни, симпатични, дружељубиви и оптимистични луѓе. Тие се и топли, мили и силно ќе ви ја притиснат раката додека ве поздравуваат на улица. Луѓето со крвна група нулта умеат да прават спонтани романтични потези и да ве заведат тогаш кога најмалку ќе очекувате. Воедно, тие се и љубоморни, вообразени и арогантни кога ќе се налутат. Немојте да се изненадите и доколку ви го проверуваат мобилниот телефон за да видат на кого му се јавувате.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Мојата крвна група не зборува xDD