Што всушност е нормално во сексот, а што не?

Што всушност е нормално во сексот, а што не?

Колку често партнерите имаат секс е прашање на кое многумина бараат одговор. Најдобриот одговор најверојатно го има институтот Кинси, најпознат на светот кога станува збор за секс. Важно е да имате на ум дека на одговорот на ова прашање влијаат многу фактори како возраста, здравствената состојба, сексуалните желби и животниот стил.

Што всушност е нормално во сексот, а што не?

Честота

Според резултатите, сексуално најактивни се младите на возраст од 18 до 29 години. Наводно, тие имаат секс 112 пати годишно, односно два пати неделно. Луѓето на возраст од 30 до 39 години имаат секс околу 86 пати годишно, што во просек е 1,6 пати неделно. Луѓето од 40 до 49 години имаат секс околу 69 пати годишно.

Семејните обврски, работата, секојдневниот стрес и грижата имаат лошо влијание врз здравјето, кое пак има главна улога во состојбата на нашето либидо. Според научниците, токму поради ова се намалува бројот на сексуални односи со стареењето.

Траење

Математички, научниците тврдат дека просечниот сексуален однос трае 5,4 минути.

„Знаеме дека е тешко да се дефинира што точно спаѓа во сексуален однос. Дали станува збор само за пенетрација, или под секс се подразбира бакнувањето и предиграта? За да ги поедноставиме нештата, се фокусиравме на времето од пенетрацијата до ејакулацијата“, изјавил доктор Брендан Зиш од Универзитетот Квинсленд на кој било спроведено истражувањето.

Во истражувањето учествувале 500 парови. Нивната задача била да вклучат стоперка на почетокот на сексуалниот однос и да ја исклучат на крајот.

„Сите ја вклучуваа стоперка кога започнале со пенетрација, а ја сопираа после ејакулацијата“, додал Брендан.

Се покажало дека најкраткиот сексуален однос траел 3 секунди, а најдолгиот 44 минути. Просекот изнесувал 5,4 минути.

Постарите мажи издржувале пократко од помладите, кај кои и кондомите имале влијание на траењето на сексуалниот односот.

Истражување спроведено во Турција покажало дека подебелите мажи можат подолго да издржат до ејакулација, но тоа не значи дека се поактивни во кревет.

Можеби не е добро да се разговара за „нормално“ и „ненормално“ кога станува збор за секс, но интересно е да се види кои се просечните бројки.

Дознајте и што мислат жените за тоа колку долго треба да трае сексуалниот однос.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар