Што всушност е анксиозноста и зошто ги отежнува врските?
Анксиозноста е широко распространет проблем, но многумина не сфаќаат што всушност претставува таа. Продолжете со читање доколку сакате да разберете како се чувствуваат луѓето кои страдаат од анксиозност.
Анксиозност е почетната фаза на врската која се мачите да ја поминете бидејќи мислите дека постојано уништувате нешто уште пред да го започнете. Таа е останување до доцна во ноќта, превртувајќи се во креветот бидејќи се прашувате како се чувствува некој. Анксиозноста е кога се прашувате дали нешто е реално или се наоѓа само во вашата глава.
Анксиозноста е возбудата за состанокот, но и мислењето дека ќе ви откажат во последниот момент. Таа е гледање во вашиот телефон и чекање на откажувањето. Тоа е секоја врска од минатото која се повторува, а вие се надевате дека овој пат ќе биде различно.
Анксиозноста е крај што ве уништува емоционално. Вие се обидувате да се справите со неа со елеганција и гордост, но истовремено сте во солзи и се прашувате каде сте погрешиле. Се обвинувате дури и кога знаете дека вината не била ваша.
Анксиозноста ви вели: „Не, тој не беше погрешната личност, вие сте тие со недостатоците што не сте доволно добри.“ Анксиозноста е стремење кон совршеност, иако тоа ве убива.
Анксиозноста ви вели: „Намерно ве игнорираат. Не им е грижа. Ќе ве остават. Налутени ви се.“ Анксиозноста е верување во лаги кои постојат само во вашиот ум. Вам ви е полесно кога ќе сфатите дека сè е во вашата глава, но сепак продолжувате да се грижите. Конечно сте во прекрасна врска, но постојано сте парализирани од страв дека ќе заврши.
Анксиозноста ве тера да ги тргате луѓето настрана бидејќи мислите дека тоа е подобро за нив. Ако направите и најмала грешка, мислите дека ќе бидете напуштени. Премногу сте строги кон себе иако вие не сте личност која суди.
Анксиозноста е несигурност
Вие сте во полна соба, ја држите неговата рака додека ги запознавате неговите пријатели. Но сè што сакате во тој момент е да им се допаднете. Сакате и да се напиете, но ви е страв да не испиете премногу. Се плашите од извинувањето кое всушност не му го должите никому.
Анксиозноста е кога сакате да му објасните: „Со ова ќе се справуваш. Ова го доби и разбирам ако сакаш да ме оставиш.“ Но, во исто време вие се обидувате да го скриете тоа. Ви треба многу време за да му верувате.
Ви треба постојано успокојување
Анксиозноста е кога вашиот партнер ќе ве прегрне, а вие конечно ќе попуштите, и тој мора да ви каже дека сè ќе биде во ред. Некој друг е силен за вас бидејќи вие не можете. Но во исто време ви е страв да му дозволите да ви се приближи бидејќи отсекогаш сте биле силни и страв ви е од вашата ранливост.
Тоа е гласот кој ве критикува и кој постојано го слушате. Дури и кога ќе добиете некој комплимент, вие не верувате во него. И никој не разбира зошто не можете да се гледате како што ве гледаат другите.
Анксиозноста е убавината и ценењето кога некој добро ве познава и ве прифаќа, иако вие не можете да се прифатите. Гледате како тие го менуваат нивното однесување само за вие да се чувствувате поудобно.
Ретки се луѓето кои можат да сакаат некој со анксиозност, бидејќи тоа не е лесно. Но ако можете да сфатите како, ќе добиете безусловна љубов. Ќе бидете со некој што ве цени и што ве прифаќа. Ќе слушате заблагодарувања многу често, а изјавување љубов уште почесто. Тоа ќе биде љубов која ве тестира и ве предизвикува, но ќе ве натера да сфатите дека за некои луѓе вреди да направите сè.
Погледнете ги и овие совети за справување со анксиозноста.