Што ви е запишано на дланките?

Што ви е запишано на дланките?

Читањето од дланка своите корени ги влече уште од дамнешно минато. Не е важно дали верувате во она што дланката ви го кажува или не, читањето од дланка пред сè се прави за разонода и за забава, а како активност ја обожавале и нашите предци.

Вашата дланка има 3 главни линии. Љубовната е на врвот на дланката, линијата на главата е на средината, а линијата на животот на дното на дланката. Како напредувате низ животот, линиите може да се менуваат заедно со вашата личност, ставови и искуства.

shto-vi-e-zapishano-na-dlankite-kafepauza.mk

Животот е она што го одредува изгледот на дланката, а не е дланката онаа која го одредува животот. Така на пример, некое трауматично искуство може да направи мал прекин на линијата на главата.

Читањето на дланка не е предвидување. Значи, не може да ви каже што ќе ви се случи, само да ве потсети на нешто што веќе се случило.

Читањето од дланка може да биде многу забавна разонода со пријателите. Погледнете ја вашата дланка и видете што таа говори за вас. Потоа погледнете ги дланките на вашите пријатели за да видите какви се нивните приказни.

Линија на љубовта

Вашата линија на љубовта се однесува на сите емоции и ситуации кои се поврзани со љубов. Се наоѓа над линијата на главата и линијата на животот, точно под прстите.

  • Ако линијата почнува непосредно под показалецот, тогаш сте задоволни со вашиот љубовен живот.
  • Ако почнува под средниот прст, укажува на себичност и материјализам кога е љубовта во прашање.
  • Ако е линијата права и кратка, имате висок сексуален нагон и не сте премногу романтични.
  • Ако линијата започнува веднаш помеѓу показалецот и средниот прст, своето срце лесно го давате.
  • Ако линијата се спушта кон долу, значи дека имате скршено срце.
  • Ако линијата е долга и кривулеста, значи дека лесно ги искажувате емоциите.
  • Кога е паралелна со линијата на главата открива личност која добро се носи со своите емоции.
  • Ако вашата линија е брановидна, добар љубовник сте, но ви недостасуваат сериозни односи.
  • Круг на линијата е показател на период на депресија во љубовниот живот.
  • Ситните линии кои се протегаат над линијата на љубовта се знак на среќа во љубовта, а линиите под линијата на љубовта се знак на разочарување.

Линија на главата

Оваа линија не покажува колку сте паметни, туку начинот на вашите размислувања. Таа укажува на вашите уверувања, морал и општиот став кон животот. Линијата на главата започнува веднаш над линијата на животот.

  • Кратката линија на главата открива дека сакате да работите за да постигнувате физички, а не ментални цели.
    Закривена, односно спуштена линија означува креативност.
  • Ако линијата на главата и животот се сосема одвоени, значи дека уживате во авантури и поседувате голем животен ентузијазам.
    Брановидната линија покажува дека не можете долго да го задржите вниманието и дека не уживате во длабоки размислувања.
  • Ако имате длабока линија која се протега вертикално преку дланката, значи дека сте фокусирани и дека имате јасни размислувања.
    Ако имате круг или крст на линијата на главата, значи дека сте поминале низ емоционална криза.
  • Прекината линија е знак на недоследност во начинот на размислување, како и дека можеби сте доживеале нервен слом.
  • Линиите кои ја преминуваат линијата на главата означуваат важни одлуки во вашиот живот.

Линија на животот

Таа почнува на работ на дланката, измеѓу показалецот и палецот. Се протега кон дното на дланката. Сместена е под линијата на срцето и линијата на главата и го опишува квалитетот на вашиот живот.

  • Линијата која поминува блиску до палецот покажува дека сте често уморни.
  • Ако линијата е кривулеста, значи дека имате многу енергија.
  • Долгата и длабока линија значи дека ќе имате долг, здрав и витален живот.
  • Ако е линијата кратка и плитка значи дека некој друг управува со вашиот живот.
  • Ако линијата е права и близу до работ на дланката, вие сте внимателни кога се во прашање меѓучовечките односи.
  • Ако имате две или три линии на животот на дланката, значи дека сте позитивни и витални.
  • Ако линијата оди во полукруг, имате неверојатна сила и ентузијазам.
  • Круг на линијата значи дека сте биле во болница или повредени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар