Што вели бојата на вашата коса за вашиот сексуален живот?
Да, знаеме што мислите. Како е можно вашата боја на коса да го диктира вашиот сексуален живот? Таа нема свој мозок и свое либидо. Сосема е во ред да бидете скептични, но според истражувањата, бојата на вашата коса кажува многу за начинот на кој имате секс – започнувајќи од желбата да експериментирате, па сè до вашата самодоверба меѓу чаршафите.
Оваа студија била спроведена на 5.117 сексуално активни мажи и жени од 18 до 34 години, сите со различна боја на коса. Погледнете ги интересните резултати кои биле извлечени од нивните одговори:
1. Луѓето со црна коса имаат поголеми шанси (21%) да користат веб-сајтови за љубовни состаноци при потрагата на сексуален партнер. Бринетите и русокосите се веднаш зад нив (17%).
Се прашуваме дали црнокосите имаат среќа при наоѓањето квалитетни секс партнери преку Интернет. Можеби сепак сите треба да го следиме нивниот пример.
2. Црвенокосите се најмногу расположени (20%) за игри на улоги од типот „50 нијанси сиво“, за разлика од русокосите (14%), бринетите (12%) и црнокосите (8%).
Чудно е како црнокосите посетуваат повеќе сајтови за запознавање со цел да најдат сексуални партнери, но не се расположени да експериментираат на тоа поле.
3. Луѓето со црна коса имаат поголеми шанси (65%) да се впуштат во секс за една вечер, за разлика од оние со руса и кафеава коса (59%). Црвенокосите (57%) се на крајот од оваа листа.
Ова ни кажува дека оние со црвена коса сакаат да се впуштаат во најразлични сексуални активности, но само со оние личности на кои им веруваат. Интересно.
4. Кога станува збор за перформансот меѓу чаршафите, оние со црна коса имаат најголема самодоверба (56%), опишувајќи се како „неверојатни“ или „многу добри“. На второ место се црвенокосите (42%), па бринетите (41%) и на крај русокосите (40%).
Изгледа оние со црна коса мислат дека се многу добри во здодевниот секс, бидејќи погоре откривме дека не се расположени за експериментирање помеѓу чаршафите.
5. Русокосите имаат најмногу секс на уникатни места, 80% од нив го направиле тоа во туш кабина или када, 67% во автомобил, 51% на отворено, 43% во базен, 37% на забава и 27% на плажа.
Ќе ги прескокнеме сите стереотипи за русокосите во однос на оваа тема. Но, вие слободно можете да се препуштите и малку да се забавувате.