Што велат статусите кои ги објавувате на Фејсбук за вашиот карактер?
Според една нова студија, луѓето кои редовно објавуваат на Фејсбук за своите вежби, диети и постигнувања најчесто се и нарцисоидни. Овие пофалби за своите постигнувања имаат тенденција да привлечат повеќе внимание од пријателите.
Авторот на оваа студија, д-р Тара Маршал вели:
„И покрај тоа што нашите резултати сугерираат дека пофалбите на нарцисите се исплатат и тие добиваат повеќе лајкови и коментари на нивните статуси, исто така има големи шанси и дека нивните пријатели учтиво нудат поддршка додека пак, потајно не им се допаѓаат овие егоистични изјави. Поголемата свесност за начините на кој се сфаќаат овие статуси од страна на пријателите, може многу да помогне при избирањето теми кои ќе бидат позабавни и кои нема да ги нервираат останатите.“
Оваа студија исто така открила дека луѓето кои најчесто објавуваат за нивниот сегашен романтичен партнер, има големи шанси тоа да го прават поради ниска самодоверба. Од друга страна пак, луѓето кои се посовесни, имаат тенденција почесто да објавуваат статуси за своите деца. Екстровертите почесто објавуваат за нивните социјални активности, како и секојдневниот живот, па токму затоа и го користат Фејсбук како начин за комуникација и поврзување со другите. Луѓето кои се поотворени имаат поголема тенденција да објавуваат интелектуални теми, кои се конзистентни со нивната употреба на оваа социјална мрежа за споделување информации.
Резултатите биле извлечени од вкупно 555 корисници на Фејсбук. Д-р Маршал заклучува:
„Можеби ќе ви дојде како изненадување дека статусите на Фејсбук можат да ги отсликуваат личните карактеристики на луѓето. Но, многу е важно да се разбере зошто одредени луѓе пишуваат за одредени теми со цел да се разбере и различниот начин на кој тие се ‘наградени’ со лајкови и коментари. Луѓето кои добиваат повеќе лајкови и коментари имаат тенденција да ги искусат придобивките од социјалната вклученост, додека пак оние кои не го добиваат тоа се чувствуваат отфрлени.“