Што вашиот однос кон парите говори за вас?
Парите лесно доаѓаат и си одат во животите на некои луѓе и тие не ни размислуваат за нив. Но, за други, тие може да бидат важно прашање, без разлика дали нивната грижа потекнува од прекумерното трошење или поради недоволната заработка. Во секој случај, начинот на кој управувате со парите, не ја рефлектира само вашата финансиска состојба. Тој може да открие и нешто за вашата личност. На пример, какви стравови имате.
Може да ве потсети за вашето минато
Некои семејства може да си дозволат да купат сè што посакуваат нивните деца. Можеби сте виделе убав фустан во трговскиот центар кога сте биле мали и сте посакале да го имате, но вашите родители немале доволно пари за да ви го купат. Или навистина сакавте да научите да свирите пијано, но немало доволно пари за да посетувате часови.
Ваквите ситуации може да остават емотивни лузни и да направат да се чувствувате несигурно, затоа што веројатно сте виделе дека вашите врсници ги имаат сите тие нешта. Можеби сè уште ја гаите во себе таа несигурност. Веќе кога созреавте и станавте финансиски стабилни, можеби започнавте да купувате работи кои не сте можеле да ги имате во минатото, дури и кога тие не ви биле вистински потребни.
Односот кон парите може да го отслика вашиот став кон себеси
Ако чувствувате дека сте умешни во справувањето со финансиските проблеми, веројатно сте доверлива личност. Иако можеби се плашите да вложувате и да започнете деловни потфати или да се справите со одредени финансиски предизвици што се појавуваат на патот.
Спротивно на тоа, ако се плашите дека ќе ги изгубите вашите пари и претпочитате да ги чувате во банка, тоа би можело да значи дека сè уште не сте сигурни во себе.
Може да ги открие вашите стравови
Сите ние понекогаш размислуваме за тоа како би се промениле нашите животи ако одеднаш ги изгубивме сите пари. Самиот обид да се замисли оваа ситуација може да ги открие нашите најголеми стравови. Можеби сакате вашите деца да одат на добар универзитет и сакате да ги поддржите, но се плашите за вашиот постојан прилив на пари.
Или можеби отсекогаш сте сакале да ги направите вашите родители горди, но се плашите да не ги разочарате заради вашите финансиски проблеми. Парите откриваат што вистински ви значи во животот и што не сакате да загубите под кои било околности.
Начинот на справување со парите може да ви биде насока за иднината
Начинот на кој располагате со вашите пари може да ги открие вашите цели, но, исто така, го отсликува и вашето минато. Ако како дете сонувавте да одите во Дизниленд, а вашите родители не ви го овозможија тоа, можеби ќе започнете да размислувате дека никогаш нема да го добиете тоа што го сакате.
Некој што добивал сè што посакувал како дете, можеби сега е поамбициозен човек. Во неговото детство, соништата секогаш се остварувале, па и сега е сигурен дека ќе може да постигне сè што сака.
Спротивно на тоа, некој чии соништа ретко се остварувале може да порасне со ставот дека никогаш нема да биде успешен во областите за кои е заинтересиран, иако тоа можеби не е точно. Но, претходните финансиски ограничувања може да бидат пречка во остварувањето на неговиот сон.
Односот кон парите може да ви помогне да го разберете вашиот начин на размислување
Парите можеби не се голем проблем во вашиот живот. Имате стабилна работа со добра плата и ги задоволувате сите ваши потреби. За некои, ова може да биде доволна причина за да се чувствуваат финансиски сигурно. Други, кои не се во слична ситуација или имаат финансиски проблеми, може да имаат различен став кон парите.
Ако постојано чувствувате дека немате доволно пари и имате премногу трошоци, можеби е до вашиот начин на размислување. Дури и ако немате вистинска причина за загриженост, можеби сте опседнати со секој мал трошок што го правите. Постојат луѓе за кои трошењето пари е фрустрација.
Можеби сакате да ги прочитате и 10-те правила за трошење пари што ќе ви помогнат да живеете удобен живот.