Што треба да знае секоја жена?

Што треба да знае секоја жена?

Можеби сè уште не знаеме што сакаат сите жени, но дефинитивно знаеме што може и што треба да прави секоја жена. Во продолжение прочитајте што треба да има секоја жена.

Што треба да знае секоја жена?

1. Доволно пари за да се исели од домот на родителите и да изнајми стан. Дури и ако никогаш не сака или никогаш не планира да го стори тоа.

2. Нешто совршено за облекување ако работодавачот или човекот од нејзините соништа сака да се сретнат за еден час. За неа, не за нив.

3. Младост што со задоволство ја остава зад себе и што со задоволство ќе им ја раскажува на своите внуци кога ќе остари.

4. Од алати до градник со црна чипка.

5. Една пријателка што ќе ја смее и една што ќе ја теши кога ќе плаче.

6. Квалитетно парче мебел што не го наследила од семејството, туку го купила сама.

7. Сет чинии, чаши за вино и рецепти кои ќе ѝ помогнат нејзините јадења да бидат највкусни.

8. Чувство на моќ дека управува со својот живот.

9. Секоја жена треба да знае како да се заљуби и да сака без да се изгуби себеси.

10. Како да раскине и да даде отказ.

11. Како да се справи со проблемите што ги има со своите пријатели, без да го уништи пријателството.

12. Треба да знае кога вреди да се потруди повеќе, а кога да се откаже.

13. Да биде задоволна од своите родителите и од својата фигура затоа што нема да може да ги промени, без разлика колку и да се труди.

14. Нејзиното детство можеби не било совршено, но е завршено.

15. Секоја жена треба да може да живее сама, дури и ако не ѝ се допаѓа како изгледа тоа.

16. Треба да знае што е во состојба да направи за љубовта, но и што никогаш не би направила.

17. Кому да верува, а кому не, кога да ги сфати работите лично, а кога да ги игнорира.

18. Каде да оди, кога да се врати, но и каде да бара утеха кога нејзината душа бара мир.

19. Можеби тоа е во куќата на нејзините пријатели, а можеби во некоја осамена дрвена колиба во шумата.

20. Секоја жена треба да знае што може и што не може да постигне во еден ден, месец и година.

Прочитајте што треба да знае секоја жена за водењето љубов пред да наполни 30 години.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар