Што треба да знае секоја невеста пред да одлучи дали да го задржи моминското презиме?

Што треба да знае секоја невеста пред да одлучи дали да го задржи моминското презиме?

Планирањето свадба не е воопшто лесно и токму затоа сопружниците не размислуваат што ќе се случува откако ќе се венчаат. Невестите најпрво размислуваат за тоа дали треба да го променат презимето по бракот или да го задржат нивното моминско презиме. Во денешно време, кога феминизмот има земено голем замав, не би требало да се инсистира на тоа жените да се откажат од нивното презиме. Сепак, според истражувањата, повеќе од 70% од возрасните луѓе веруваат дека жената треба да го промени презимето откако ќе се омажи.

Што треба да знае секоја невеста пред да одлучи дали да го задржи моминското презиме?

Емили Фицгибонс Шејфер, професорка по социологија на државниот универзитет во Портланд, заклучила дека изборот на жената не го менува мислењето на другите луѓе за неа, односно не го менува мислењето што го имаат нејзините другарки и високо образованите мажи. Но, зошто толку многу луѓе мислат дека жената треба да го земе презимето на сопругот? Дали постои причина зошто жените треба да го менуваат презимето или не? И дали преземањето на презимето на сопругот е непочитување кон правата на жената? Експертите ги објасниле позитивните и негативните страни на преземањето на презимето на сопругот, кои секоја идна невеста треба ги прочита…

Позитивни страни на преземањето на презимето на сопругот

Постојат многу практични причини зошто жените би требало да го носат истото презиме како и нивните деца. Но, ако практичните причини не ви се доволно убедливи и ако не сакате да го направите тоа како симбол на вашето вклучување во неговата фамилија, погледнете го сето ова од аспект на неговата индивидуалност.

Во денешно време, мажите прават сѐ што можат за да ги направат среќни нивните сопруги, што не било чест случај во минатото. Лошо е тоа што жените почнуваат да се чувствуваат како да го контролираат животот на нивните сопрузи и како да ја преземаат улогата на нивните мајки, што воопшто не е добро за бракот.

Ако го земете неговото презиме, ќе му помогнете да ја задржи неговата мажественост, а тоа ќе му помогне да ги исполни вашите очекувања од него во бракот како сопруг и татко.

Позитивни страни на задржувањето на моминското презиме

Нема ништо лошо во тоа да ја задржите вашата независност и моминско презиме. Во денешно време, оваа одлука е сосема прифатлива. Во зависност од вашиот напредок на професионален план, можеби сте постигнале толку големи успеси, што едноставно не вреди да го менувате презимето, без разлика колку сте традиционални.

Што треба да знае секоја невеста пред да одлучи дали да го задржи моминското презиме?

Но, постои една негативна страна која веројатно не ви паднала на памет. Госпоѓа Крстевска нема да има проблем да ги запише нејзините деца Горан и Ана Крстевски на училиште, но Госпоѓа Андоновска ќе треба да докажува дека таа е мајка на децата. Ова можеби нема да претставува толку голем проблем понатаму во животот, но сигурно ќе наидувате на пречки кога ќе сакате да патувате со децата со авион. Практичноста не е најголема причина за да го земете презимето на сопругот, но дефинитивно треба да го имате предвид и тоа.

Дали да направите комбинација од двете презимиња?

Можеби најдобро би било да ја прескокнете оваа опција, освен ако немате навистина кратки презимиња. Имајте на ум дека ако вашите презимиња се долги и комплицирани, никој нема да може да ги запамети и изговори правилно. Постојат и големи шанси дека вашите деца ќе одлучат да задржат само едно од презимињата. Доколку сепак сметате дека оваа опција најмногу ви одговара, тогаш само напред!

Што да направите ако не ви се допаѓа ниту едно од овие решенија?

Без паника! Постои уште едно решение што можеби ќе ви делува откачено, но ако ви се допаѓа и вам и на вашиот сопруг, тогаш сте го пронашле вистинскиот избор! Одберете сосема различно презиме што и на двајцата ви се допаѓа и двајцата сменете си ги презимињата. Заедно одберете си го вашето фамилијарно презиме! На крајот на краиштата, во бракот постојано треба да се прават компромиси, а има ли подобар компромис од тоа ниту еден од вас да не си го задржи презимето и да почнете од почеток?!

Секако дека не постои едно вистинско решение, така што одберете го она што најмногу ви одговара вам.

Доколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте ги овие закони кои го штитат моминското презиме.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар