Претходно
Што треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?
Датум: 09 фев 2015
Коментари: 0
Некои луѓе ги сакаат понеделниците, за други пак се причина за депресија. Тоа што се враќате назад на вашето работно биро е всушност добро. Еве што сè мора да имате на ум на самиот почеток на новата работна недела.
1. Уште од самиот старт на денот вие сте прекрасни, па не мора многу да се трудите.
2. Најдобар начин да се справите со здодевни и напорни личности е да ги игнорирате. Не земајте си при срце сè што ќе кажат или направат.
3. Слободно испробајте нов стил и бидете храбри во промените.
4. Можеби многу порадо би останале да се излежувате во кревет, но и самите знаете дека новата работна недела е нова можност да се покажете, искористете ја!
5. Кога ви е тешко, само сетете се колку сте секси. 🙂
6. Не дозволувајте секој да се однесува со вас како што сака, имате граници кои другите треба да ги знаат.
7. Кога денот е напорен радувајте се, тоа значи дека сте постигнале нешто добро.
8. Физичката активност е секогаш најдоброто решение. Слободно исфрлете ја целата негативна енергија на играње и вежбање по крајот на работното време.
9. Не плашете се од грешките и падовите, секому му се случуваат, дури и на Бијонсе.
10. Умешност е да станете по падот исто како никогаш да не ви се случил.
11. Слободно покажете што знаете, а што се однесува на оние кои имаат нешто лошо да кажат, не заборавајте дека зад добриот коњ прашина се крева.
12. Кога некој ве нервира, слободно покажете му ја вратата.
13. Самодовербата е половина пат до успехот.
14. Тогаш кога ќе помислите да се откажете не заборавајте, сте издржале и полошо и сте поминале низ тоа како херои.
15. Не плашете се да бидете свои и оригинални.
16. Тогаш кога ќе ви се смачи од работа и обврски и тогаш кога ќе ве боли глава, само сетете се колку добро ќе ви дојде наредната плата…
17. Или дека истата вечер може да ги повикате другарките и лудо да се забавувате.
18. Подготвени сте за новата работна недела?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.