Целосната вистина за животот на сите невработени мајки
Изморена од честото прашање „Но, што работиш ти по цел ден?“, тату артистката Ришел Каслбери од Флорида, одлучила да напише писмо и да го објави на Фејсбук, во чест на сите мајки кои го посветиле живот на своите деца и одржувањето на домот. Објавата буквално експлодирала! Таа добила преку 640.000 лајкови, а текстот е споделен повеќе од 300.000 пати.
Можеби ви изгледа дека бројката е голема, но тоа не е доволно. Овој текст би требало да го прочитаат сите луѓе од целиот свет за мајките навистина да ја добијат почитта поради својата голема жртва за доброто на нивните деца и семејство. Меѓутоа, не сите се сложиле со нејзината објава. Некои мајки кои работеле ја критикувале Ришел со тоа што коментирале: „Нè има и нас кои го правиме сето тоа и плус работиме“. Ришел се обидела да ја одбрани својата објава со што коментирала: „За сите мајки кои работат, татковци кои работат или кој било друг, треба да ја прочитаат пораката од текстот и да ги заменат оние зборови со зборови што повеќе одговараат во нивната ситуација.“