Што се случува во телото додека пеете и зошто треба да го правите тоа почесто?

Што се случува во телото додека пеете и зошто треба да го правите тоа почесто?

Пеењето без сомнеж успева да им го поправи расположението на луѓето, но истражувањата укажуваат дека тоа влијае и на многу други нешта. Голема е веројатноста да сакате да пеете без оглед на вашиот талент, а ние ќе ви ги откриеме научните причини зошто повеќето луѓе сакаат да пеат и ефектот на оваа навика на вашите тело.

Што се случува во телото додека пеете и зошто тоа треба да го правите почесто?

Во изминатите дваесет години бројни научници се обидувале да ги дефинираат психолошките, биолошките и бихевиоралните механизми што пеењето ги има на здравјето. Се тврди дека додека пееме во телото се одвиваат бројни промени.

„Додека пееме мораме да дишеме длабоко што доведува до засилување на протокот на крв во организмот и на тој начин се зголемува и делувањето на ендорфинот.“

Се смалува хормонот на стрес – кортизол, а се забележува разлика во нивото на ендорфинот што е поврзан со расположението. Пеењето е повеќенаменска здравствена активност затоа што содржи бројни компоненти. Помеѓу другото, пеењето претставува и емоционално изразување, а знаеме дека тоа е добро за менталното здравје.

Заедничкото пеење овозможува социјална интеракција која може да придонесе поединците да се чувствуваат помалку изолирано. Од друга страна пак, експертите тврдат дека и слушањето музика позитивно влијае на здравствената состојба. На луѓето кои посетуваат концерти без оглед на тоа за каков вид музика се работи (класична, рок, поп, рап), научниците им откриле слично намалување на нивото на стрес.

Музиката, а посебно пеењето, се користи како терапија кај луѓето кои патат од деменција. Лекарите ја истакнуваат предноста на пеењето во група односно користа од пеењето за пациентите со хронични белодробни заболувања, од астма до карцином на белите дробови. Самиот чин на пеење го поттикнува организмот на лачење ендорфин – хормон кој се поврзува со чувството на задоволство.

Додека пееме мораме да дишеме длабоко, што го зголемува протокот на крв во организмот, а лекарите велат дека тоа е слично на наплив на ендорфин што го чувствуваме кога се смееме или јадеме чоколадо.

Истражувачите во претходно истражување откриле и дека на луѓето што пеат во група отчукувањата на срцето им се синхронизирани.

„Пеењето е облик на контролирано дишење затоа што се вдишува пред одредена фраза на музичка изведба, а помеѓу фразите се издишува. Тоа дава многу сличен ефект како и дишењето за време на јога. Тоа помага и да се опуштите, а постојат и знаци дека ја подобрува работата на срцето.“

Една студија покажала дека после 40-минутно групно пеење нивото на хормонот на стрес – кортизолот, паднал многу побрзо отколку во вообичаени околности.

Во друга студија спроведена во Франкфурт се покажало дека пеењето го зголемува очекуваниот животен век затоа што го снижува нивото на кортизол. Истражувањето опфатило испитување на крвта на професионални членови на хорот пред и по изведбата на Моцартовата „Реквием“ на еден час. Исходот главно се состоел од ослободување на антитела од имуноглобинот А, непосредно после пробата што го забрзува имунолошкиот состав.

Научниците откриле и дека во организмот на луѓето што пеат во хор, во текот на изведбата, се произведува окситоцин кој го нарекуваат „хормон на љубов“. Тој се излачува за време на прегрнување. Заслужен е за зголемување на чувството на доверба и блискост. Ова би можело да го објасни фактот зошто луѓето што пеат во хоровите поинтензивно го доживуваат чувството на пријателство и заедништво.

Пеењето предизвикува и лачење допамин – чест невротрансмитер во мозокот. Од претходно е познато дека допаминот резултира со состојба на пријатно чувство како реакција на некои стимуланси, како што е консумирање храна. Неговото излачување се поврзува со засилување на емоциите и мотивацијата. Студија од 2017-та година покажала дека на пејачите кои пееле на доброволни неделни работилници им се поправило расположението и им се подигнало нивото за чувство на вредност и самодоверба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар