Што се случува во главите на жените кога ќе отидат на фризер?

Што се случува во главите на жените кога ќе отидат на фризер?

Само едно лошо искуство во фризерски салон може да биде доволно за засекогаш да останете сомничави кон сите оние кои ќе се приближат кон вашата коса со ножици. Дури и да сте нашле одличен фризер или фризерка, во вас сепак се појавува некое чувство на немир сè додека не заврши целиот процес и вие не се погледнете во огледало со прекрасна нова фризура…

Што се случува во главите на жените кога ќе отидат на фризер?

Погледнете го целиот процес на потстрижување кој се одвива во главата на жените додека се гледаат во огледалото во фризерскиот салон…

1. Косата ми изгледа мрсно и грозно, едвај чекам да ми ја скрати.

2. Поминаа 5 минути и сè уште не ми одржал/а предавање за штетноста на пеглата за косата.

3. Ах, еве го предавањето. Веќе никогаш нема да користам пегла за коса. Можеби само еднаш неделно.

4. Ајде да се обидам да му/ѝ објаснам каква фризура сакам.

5. Мислам дека не ме сфаќа.

6. Чекај малку, кажав 2 прсти пократко. Зошто мери 3 прсти? Боже, ќе останам без коса.

7. Дали ова шишање беше паметна идеја? Мислам дека сè уште имам време да се премислам.

8. Всушност гајле ми е, нека сече. Денес сум храбра и не постои фризура која нема да ми стои добро.

9. Дај смири се, сакаш да излезеш од тука со мохавка?

10. Косата воопшто не ми изгледаше толку лошо. Што правам јас тука?

11. ААААААА, слушам како ја сече. Предоцна е за премислување.

12. Ова на подов е сè дел од МОЈАТА коса?! Може да се направат екстензии од тие прамени.

13. Како тргнал/а можеби и ќе ми требаат екстензии. Леле, па тој/таа сè уште сече!

14. Хм, дали сакам шишки? Да. Не. Можеби. Не знам. Ајде сепак не. Направете ми шишки. НЕ, НЕ КРАТЕТЕ!

15. Се чувствувам како да сум спречила нуклеарна катастрофа.

16. Зошто секогаш ме прашува дали сум задоволна пред фенирањето?

17. Ова навистина не изгледа добро. Ќе ги затворам очите и во себе ќе си плачам за косата.

18. Готова е! И пак си добив лак за коса во очите.

19. Ех, па ова воопшто не е лошо. Чекај да видам од позади.

20. Тоа е тоа, косата ми изгледа одлично. Имам најдобар/ра фризер/ка на светот!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар