Што се случува со вашето тело кога не спиете неколку денови?

Што се случува со вашето тело кога не спиете неколку денови?

Ова одлично видео од Базфид сликовито ни покажува точно што се случува со нашето тело доколку не спиеме ден, два или повеќе. Со секое прескокнување на сонот во текот на ноќта, се зголемуваат проблемите кои нашето тело ги доживува, полека водејќи нè кон психоза предизвикана од недостаток на спиење.

Доколку прескокнете една вечер сон, вие ќе почувствувате потешкотии во движењето и фокусирањето и ќе се чувствувате како да сте испиле поголемо количество алкохол. Исто така постојат и големи шанси дека погрешно ќе ги идентификувате неутралните фацијални експресии.

Ако не спиете ни следната вечер, количеството кислород кое го вдишувате ќе се намали, исто како и вашата сила. Големи се шансите дека јазикот ќе почне да ви се „плетка“ при зборувањето и нема да можете да се сетите на одредени зборови.

Доколку продолжите без сон и 3-та вечер, тогаш ќе почнете да забележувате дека нема да можете да се сконцентрирате на задачи кои не ви се доволно интересни. Исто така, вашето срцебиење ќе се зголеми, што може да доведе до одредени здравствени проблеми.

Што се случува со вашето тело кога не спиете неколку денови?

За време на 4-тата бессона ноќ, вашиот мозок ќе почне да спие дури и додека сте будни. Овие видови микросонови траат од 5 до 10 секунди. Во овој момент големи се шансите и дека ќе почнете да халуцинирате, како и да чувствувате притисок околу главата.

5-та вечер без сон. Способностите за размислување и решавање задачи се значително смалени. Можете да добиете и чувство дека некој се обидува да ве „фати“.

Ако успеете да издржите до 6-тата ноќ без спиење, тогаш ќе доживеете психоза во која повеќе нема да можете да ја перципирате реалноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар