Што се случува со децата генијалци кога ќе пораснат и зошто некои од нив едноставно пропаѓаат?

Што се случува со децата генијалци кога ќе пораснат и зошто некои од нив едноставно пропаѓаат?

Талентираните деца се неверојатни. Како мали постигнуваат цели за кои поголем дел од возрасните можат само да сонуваат. За жал понекогаш талентот не е само за слава и успех, а некои од овие приказни ќе ви го докажат тоа.

1. Арфа Карим

Што се случува со децата генијалци кога ќе пораснат и зошто некои од нив не се успешни?

Кога ова девојче од Пакистан имало 5 години, тоа ги замолило родителите да ѝ купат компјутер. Се обидувала да научи да го употребува, сакала да инсталира нови програми и да прави презентации. На 9-годишна возраст, Арфа станала сертифициран Мајкрософт девелопер. Бил Гејтс дури ја поканил да го посети седиштето на компанијата. На 16-годишна возраст, срцето на Арфа застанало по епилептичен напад што ѝ го оштетил мозокот. Била хоспитализирана и Бил Гејтс сакал да ги покрие трошоците за лекување. За жал лекарите не успеале да ја спасат и Арфа починала.

2. Вилијам Сидс

Што се случува со децата генијалци кога ќе пораснат и зошто некои од нив не се успешни?

Вилијам немал ни 2 години кога научил да чита. До 8-годишна возраст веќе знаел неколку јазици, а како возрасен тврди дека зборува 25 јазици и дијалекти. На 11 години Вилијам се запишал на Харвард, а на 17 станал професор на универзитетот. Би изградил неверојатна кариера, но се откажал од науката и станал сметководител.

3. Надја Рушева

Што се случува со децата генијалци кога ќе пораснат и зошто некои од нив не се успешни?

Надја била талентирана артистка и изработила многу илустрации за класични книги и книги за грчката митологија. Она што е интересно е што Надја многу ретко користела гума за бришење. Младата артистка умрела на 17 години од хеморагија на мозокот. Зад неа оставила над 12.000 слики.

4. Акрит Џасвал

Што се случува со децата генијалци кога ќе пораснат и зошто некои од нив не се успешни?

Кога Акрит имал 7 години, тој ја направил неговата прва операција. Неговата пријателка си ја изгорела раката толку многу што прстите ѝ се искривиле и кожата ѝ се растопила. Нејзините родители не можеле да платат за операција, па малото момче решило да помогне. Операцијата била успешна и пациентката повторно можела да ја користи раката. На 12-годишна возраст, младиот хирург се запишал во медицинско училиште. Денес се обидува да најде лек за рак.

5. Ника Турбина

Што се случува со децата генијалци кога ќе пораснат и зошто некои од нив не се успешни?

Малото девојче од Русија страдало од астма и не можело да спие за време на нападите. Кога имала 4 години ѝ рекла на мајка си да ја запише поемата што наводно ѝ ја кажал Бог. Оттогаш почнала да пишува повеќе поеми и на 9-годишна возраст ја објавила нејзината прва збирка.

На 16 години Ника се соочила со првиот нервен слом. Отишла во Швајцарија и се венчала со нејзиниот психолог кој бил 60 години постар од неа. По една година се вратила во Русија и одбивала да разговара за сопругот. Подоцна Ника имала проблеми со алкохолот и дрогата и имала неколку нервни слома. Умрела на 27 години, паѓајќи од прозорец од 5-тиот кат.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар