Што се случува кога гледате во нечии очи повеќе од 10 минути?
Знаете ли дека гледањето во очи може да предизвика патување надвор телото, па дури и халуцинации? Гледањето во нечии очи може да предизвика цел неред од разни чувства. Ако станува збор за личност што ја сакате, можно е да почувствувате пеперутки во стомакот кога ве гледа. Ако пак тоа е странец, може да се чувствувате неудобно…
Контактот со очите е многу моќен и открива многу повеќе за нас отколку што мислиме. Може да се каже дека никогаш не сте гледале некого во очи повеќе од неколку секунди. Всушност можете да гледате некого во очи 3,3 секунди пред да почнете да се чувствувате неудобно.
Но што ако гледате во нечии очи околу 9 минути и 57 секунди, па дури и подолго? Според едно истражување од 2015-та година, резултатот е халуцинации и дисоцијативна состојба. Па ако сакате да знаете какво е чувството од некоја дрога, сè што ви е потребно е гледање во очи.
Истражувањето било спроведено од страна на Џовани Б. Капуто од Универзитетот во Урбино, Италија. Учествувале 20 луѓе од кои 15 биле жени. Испитаниците биле во затемнета просторија, а ова овозможувало детална перцепција на фините карактеристики на лицето, но ја намалило перцепцијата за боја.
Џовани ги замолил 10-те парови да се гледаат во очи околу 10-тина минути. Истовремено имало и група од 20 луѓе кои гледале во ѕид наместо во друга личност.
Кога поминале 10-те минути, испитаници од двете групи пополнувале прашалник кој содржел прашања за потенцијална дисоцијативна состојба, како и прашања за лицето на партнерот. Оние кои се гледале во очи почесто искусиле симптоми на дисоцијативна состојба, изменета перцепција за лицето и чудни халуцинации во вид на привиденија на лицето на партнерот.
Дисоцијацијата настанува кога една личност ја прекинува поврзаноста со реалноста. Додека нејзините симптоми можат да се разликуваат, испитаниците најчесто почувствувале намален интензитет на бои, стивнување на звуците, губење чувство за време и слично. Привиденијата на лицето од друга страна вклучувале деформирани карактеристики, чудовишта и аспекти од нивното лице на лицето на партнерот или некој роднина .
Според Џовани, можеби симптомите се поврзани со „поврзување со реалноста од дисоцијативна состојба преку сензорна депривација“. Тој изјавил дека чудните привиденија на лицето биле предизвикани од психодинамична проекција на потсвесни значења за лицето на партнерот.
Дознајте нешто повеќе за тајните моќи на контактот со очи.