Што се случува кога две дечиња си играат со брашно?
Додека една мајка од Америка била во тоалетот, нејзините деца ù подготвувале изненадување во дневната соба. Таа се задржала повеќе од вообичаено бидејќи не се чувствувала добро и кога се вратила, целата дневна соба била прекриена со брашно, како во неа да паднал снег. Што е најтрагично, двајцата виновници не ни биле свесни зошто нивната мајка е толку вџашена и безгрижно си играле во хаосот, небаре брашното е песок, а тие се на плажа.Ваквата сцена, мајката ја снимила со домашна камера и ја прикачила на Јутјуб на 17 ноември и видеото досега е погледнато над 800.000 пати.
„Дали вие момци влеговте во брашното?“ – им се обраќа мајката на едногодишниот и тригодишниот син кои го нашле неодамна купеното брашно во кујнскиот елемент и ја уништиле целата куќа. Потоа прави тура низ целата дневна соба и ходникот, при што доаѓа до заклучок дека местото изгледа како „Снешко Белчо да повратил низ целата дневна просторија“.Дел од нејзиниот опис под видеото гласи:
.
„Оваа кеса е од 2 кг и 300 г. Не ми верувате? Подајте му една ваква полна кеса на вашето тригодишно дете и видете што ќе се случи.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.