Што сакаат девојките со висока самодоверба да знаете за нив?
И тие се луѓе, па исто како и другите, имаат чувства кои можат да бидат повредени. Нивниот живот не е совршен, ниту пак тие мислат дека се совршени и понекогаш, како и на секоја друга девојка, потребно им е потсетување дека се добри во тоа што го прават. Погледнете ги следниве нешта кои секоја девојка со висока самодоверба би сакала да ви ги каже…
Тие не живеат без проблеми
Многу често кога луѓето ќе видат девојка со висока самодоверба веруваат дека се буди пеејќи, заедно со птиците надвор од прозорецот кои ѝ се придружни вокали. Но, само затоа што таа е често насмеана, тоа не значи дека нејзиниот ден се одвива совршено и дека никогаш не е допрен од страна на злото во светот. Со нејзината насмевка таа одбира да биде благодарна на денот, без разлика на тоа како ѝ се одвива. Тоа не е илузија или наивно живеење. Тоа е личен избор.
И тие имаат потреба од валидација
Не постои човек на оваа планета кој нема некаков вид несигурност. Сите во одреден момент можат да се посомневаат во себе, а истото важи и за девојките со висока самодоверба. Тие имаат потреба да бидат потсетени дека се ценети и дека се добри во тоа што го прават. И покрај тоа што изгледаат како ништо да не допира до нив, сепак токму спротивното е вистината. Исто како и сите останати луѓе, нивното срце се насмевнува кога ќе чујат дека се сакани.
Тие не се боксерска вреќа
Само затоа што се способни да издржат неколку „удари“, тоа не значи дека уживаат во нив. Нивната отпорност не е покана да го истурите вашиот бес врз нив, ниту пак да тестирате колку можат да издржат. На крајот од денот, сите сме човечки суштества со чувства и доволна е само малку емпатија за да ги подобрите работите.
Тие се грижат многу повеќе отколку што мислите
Девојките со висока самодоверба имаат тенденција да се заклучат во врските со другите. Тие напредуваат кога доживуваат константност и релијабилност и целосно се инвестираат во пријателството. Тоа значи дека ако нешто лошо се случи или ако направат грешка, тоа силно ги погодува. Дури и покрај тоа што нема да го покажат надворешно, тие целосно ќе го почувствуваат во себе.
Тие не веруваат дека се совршени
Тие можеби влегуваат во просторија со добро расположение, подготвени да ја освојат вечерта, но тоа не значи дека постојано гледаат во својот одраз. Всушност, токму спротивното е вистина. Ова одлично расположение има големи шанси да биде причината за дамка на нивниот фустан или пак, за црвени усни од виното, а тоа воопшто не изгледа слатко.
Тие немаат одговор на сè
Високата самодоверба значи и дека тие често си веруваат на себе, но тоа не значи дека одат низ животот без никакво чувство на товар и тежина. Тоа само значи дека тие се луѓе, со уникатни квалитети. Тие не треба да се извинуваат за личност која се, ниту пак да бидат третирани поинаку само затоа што се разликуваат од останатите. И токму затоа, тие се со висока самодоверба.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.