Што сакаат девојките?

Што сакаат девојките?

Вечното прашање кое си го поставуваат момчињата за кое нема едноставен одговор е „Што сакаат девојките?“ Слични, а сепак различни, девојките сакаат многу работи. Еве само еден дел од тие работи…

Што сакаат девојките?

Девојките сакаат:

  • цел ден да го поминат во пижами
  • да пијат кафе секое утро
  • да добијат бакнеж на челото
  • момчиња кои мирисаат убаво
  • распродажба во нивната омилена продавница
  • да фотографираат
  • момчиња кои умеат да ги насмеат
  • маскара
  • кога во продавница го имаат нивниот број од омилените чевли
  • чоколадо
  • преспивање кај другарките
  • картичка за купување од Victoria’s secret
  • шопинг во Њујорк
  • кога омилените фармерки совршено им одговараат
  • купки што мирисаат убаво
  • да се облекуваат убаво за да се чувствуваат подобро
  • да добијат порака за добра ноќ
  • да пеат гласно додека возат автомобил
  • бакнежи додека врне
  • момчиња кои имаат смисла за мода
  • да имаат цела колекција шминки
  • да пијат коктели
  • да добиваат честитки за Денот на вљубените
  • да ги запишуваат интересните моменти во дневник
  • да доживеат моменти за паметење
  • долги и бавни бакнежи
  • да пишуваат СМС-пораки и да одат во исто време
  • сосема да „откачат“ на журки
  • да добијат неочекувана порака од некој што им недостасува
  • кога за прв пат од момчето ќе ги слушнат зборовите „Те сакам“
  • да добијат букет цвеќе од некој што многу им значи
  • постојано да пробуваат некоја нова боја на лак за нокти
  • црвен кармин
  • кога ќе застанат пред огледало само во долна облека и ќе се потсетат колку убаво изгледаат
  • да отпатуваат на некој остров
  • кога нивната коса е совршена иако не одат никаде
  • да го гледаат зајдисонцето
  • да имаат романтична вечера на плажа
  • постојано да купуваат високи потпетици
  • одмор со пријателките
  • долга коса
  • да бидат совршено облечени и нашминкани
  • секогаш да носат чанта
  • неочекувани бакнежи
  • чоколадни палачинки
  • кога ќе слушнат песна која целосно ги опишува нивните чувства
  • шолја кафе и интересно списание
  • да добијат неочекуван подарок од момчето
  • да планираат што ќе облечат наредниот ден
  • да имаат колекција парфеми
  • да имаат илјадници пара чевли
  • помфрит
  • да имаат рамен стомак
  • да бидат модели
  • кожни јакни
  • ефект на „зачадени очи“
  • животински дезени
  • интересни шноли
  • да ја гледаат омилената серија
  • да потемнат кога одат на одмор
  • љубовни писма
  • да ја запознаат славната личност за која фантазираат
  • вечерни прошетки на плажа
  • свежи крофни
  • да имаат беспрекорна кожа…



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

643832


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Moni Reply

    Zivotinski dezeni – ne veruvam, mozebi kaj mal broj…ama se ostanato – definitivno 🙂

    • Tijana Reply

      samo 10 od tuka,ne napraile nas zenive ko lica so posebni potrebi 🙂

  2. Свит Reply

    Баш така, буквално обожувам се што е наведено во листава 🙂 особено бакнеж во чело, кафе наутро, шминка со ефект на зачадени очи, мнооогу пара чевли и свежи крофни! хихихи

  3. Марија Reply

    Кога ќе сфатат луѓево дека девојките се многу повеќе од вечни романтичарки чија главна цел е да си го усовршат шминкањето и да си купат милион пара штикли? Каде е наведено дека уживаат во добра книга или во квалитетен филм или дека сакаат да се надоградуваат, да се школуваат, да успеат? Да РАЗМИСЛУВААТ воопшто. Нашиот живот не се врти само околу „Tags: бакнеж, девојки, кафе, момци, сака, те сакам, шминка, шопинг“. А под ’луѓево’ мислам и на самите девојки.

    • Каталина Reply

      Браво Марија! Тоа е духот! 🙂 Мило ми е што има и “други” врсти на девојки поразлични од сите останати 🙂

    • Luna Reply

      Точно така !

    • Megan Reply

      Затоа што тоа не прави нас девојките посебни. Да имаше листа со наслов Што сакаат машките сигурно немаше да се оди подалеку од секс, коли и спорт.
      Темата на статијава погрешно сте ја сфатиле изгледа..

      • Тошо Reply

        Има и машки кои што сакаат парфеми, чевли, шопинг, да добиваат пораки за добра ноќ 😉
        не е се’ во колите и сексот 😉

        • Ана Reply

          Не е се во колите и сексот, туку во сексот во кола 😀 што е до машките, а реално не сите девојки бараат принц, штикли и шминка 24/8.

  4. МА Reply

    Браво, Марија, браво!
    Сосема се согласувам…

  5. Waldorf Reply

    @Марија: е добро де, пропуштиле две работи кои се секако важни, нормално дека многу од нас уживаат во добра книга, ама се останато е точно. Мислам дека совршено ја опишува секоја девојка. 🙂

    • Каталина Reply

      Па и не баш секоја….

      • Марија Reply

        Дефинитивно не секоја. 🙂

  6. Олимп Reply

    Браво за коментарот на Марија. Навистина не можам да сфатам зошто се прави некоја вештачка слика за жените дека се се врти околу овие работи. Навистина делува затупувачки. За жал, генерации на млади девојки растат со вакви стереотипни гледишта на работите, имаат идоли како Парис Хилтон и Ким Кардашиан. Мене како машко ова ми е навистина под секое ниво. За среќа, во денешно време, има и девојки кои не размислуваат вака.

    • Каталина Reply

      И браво за тебе, вака како машко! 🙂

      • Марија Reply

        Истото и јас ќе го речев! 😀

  7. Anna Reply

    i red drugi raboti 😀

  8. Име Reply

    Sto saka mazot ?
    TV
    Pivo
    Seks
    Udoben Krevet

  9. Свит Reply

    хахах алоо луѓе олабавете, ако сакам помфрит незначи дека за идол ја имам Ким Кардашијан! ова се површни работи, малечки работи кои не прават среќни, а вие сето ова го свртевте во сосема друга насока! образованието, интелигенцијата, менталниот развој на денешната жена не е тема на овој текст!

  10. enischee Reply

    I jak seks,sabajle,i nezen seks poplande,i kratok sex predspienje…

  11. Moni Reply

    mislam deka prvicnata poenta na tekstov bese da ne nasmee i raspolozi…a site vie koi ste tolku mnogu protiv – se kladam deka barem vo 5 karakteristiki se pronajdovte! 🙂

  12. Марија Reply

    Се согласувам дека ова се малите нешта што ги усреќуваат девојките и како такви за мнозинството се точни, ама немам сретнато ниту една статија што зборува за суштинското во жените. Сè (или најмногу) што можам да прочитам на ваквите сајтови се статии од типот на „Како да му се допаднете“, „10 нешта што мажите ги сакаат кај вас“, „10 работи кои девојките ги кажуваат и нивното значење“ итн, а фактот што многу од тинејџерките редовно ги посетуваат овие страници, мислам дека треба да е доволна причина да се напише нешто малку попродуховено за нас за да ги мотивира уште од помлада возраст да работат на својот личен ментален развој. А не да се претполага на изгледот, пишувајќи за копнежот на девојките да имаат „рамни стомаци“ и „беспрекорна кожа“. Како што некој паметен човек имаше кажано – девојките во адолесценцијата престануваат да бидат и почнуваат да изгледаат. За жал таква ни е реалноста.
    Значи, мојот револт не беше насочен конкретно кон оваа статија, туку кон сите вештачки наметнати вредности од поп-културата и нивното зацврстување преку ваквите сајтови. И нормално, тоа е само мое мислење.

    • Waldorf Reply

      Мислам дека Кафе Пауза не објавуваат такви статии, или ако објавиле биле поради тоа што доловувале одлична поента. Оваа статија е една од тие, се согласувам со останатите дека е само заради забава и дека секоја од вас се пронајде во барем две од сите наведени работи. Не кажувајте дека не уживате во бавни бакнежи, долги прегратки или прекрасен црвен кармин кој сигурна сум дека на секоја жена ја прави да се чувствува моќно и секси. Марија, мислам дека на тинејџерките не може да им се докажат тие работи на кои алудираш, сепак се тинејџери и во ред е да се оптеретуваат со такви работи. Но, како и да е, некои порано некои покасно ги сфаќаат вистинските вредности на тоа да се биде една комплетна жена. Никој ништо не треба да им наметнува, ако се доволно паметни сами ќе сфатат кои жени треба да им се идоли и инспиративни личности и дека читањето книга е многу подобро од безделничењето на Фејсбук или гледање досадна серија. Поздрав. 🙂

    • speciii Reply

      марија ти 100% се пронаоѓаш тука негде чим толку почна да објаснуваш да филозофираш…

  13. Име Reply

    Еве само еден дел од тие работи… само еден дел… еден дел… дел?!?!

  14. Sara Reply

    A koga go citavte textot,ne se nasmeavte malce i ne vi pobudi pozitivni cuvstva,a devojki ? 🙂 siima seriozni psiholoski statii za mentalniot razvoj kaj mazite i zenite,ova se onie mali raboti koi ne pravat srekni,a ne licnosti 🙂

  15. Нина Reply

    Искрено, пола од списоков не ни ме сакам а не ме ни прави срекна. Да поцрнам на одмор, да носам ташна секогаш, колекција парфеми, љубовни писма…и најбизарното-да менувам редовно лакт за нокти.
    Ај да речеме ова е некоја статистика за жени каде што собрале се што посакале една група на жени.. Но мојата листа е многу пократка од ова. =))))

    • Девојка Reply

      и мојата исто така…сакам ладно пиво на топло време, и добро вино да ме топли во ладни денови 😀 И не дека ова мене ме прави алкохоличарка едноставно ме прават среќна 😉

  16. Sale Reply

    Umorni mashkite…go iskluchija nivniot internet prebaruvach 🙂

  17. Gogo Reply

    – Пенис

    … најважното сте го заборавиле!

    • Nat Reply

      Точно…

  18. а? Reply

    Да се средат психички… Да научат што сакаат…

    • Сакам да читам книги секакви , од политика до безвезни „глупи“ романи, да јадам сирење и да грицкам бадеми или сл. додека гледам добра комедија, да разговарам со луѓе кои имаат што да кажат а не да трачарат (најидиотското нешто на свет) а од „женските“ потреби, да одам на театар или на кафе со другарки барем на 2 месеци и кога ќе ми се скинат обувките да си купам нови за да не одам боса. Кога можам да гледам ТВ а нема ништо интересно да гледам било каков спорт и тоа со пивце. Многу гушкање и добро аргументирана расправија(без викање и навреди). И уште една работа мнооооооооогу сакам музика ама никако балканско сељачка. Многу ли е?

  19. Nina Reply

    Види, повекето девојки во денешно време знаат што сакаат. Но јас не би рекла дека девојките се тие кои се двоумат. СИТЕ понекогаш не знаеме што сакаме, значи не е битен полот. Најбитно од се е што сепак и во такви моменти, знаеме што не сакаме. Еве јас ке се сложам со ДЕВОЈКА, јас сакам ладно пиво летно време и вино кога е зима =)) тоа со сигурност го сакам. =)

  20. Александар Reply

    Абе луѓе тема на муабетот за машките е само СЕКС… немора да значи дека сме машки и сеа само секс секс и секс ни е во главата…. мислам стварно нема смисол… а и ова што е напишано секоја жена или девојка не би сакала се од овие работи… поздрав до сите Марија добро кажано позз

  21. eli Reply

    јас сум девојка и сакам пиво, хорори, удобни патичиња, да фрлам пуно пари на книги наместо да штикли, да идам на работа у пижами, да пцујам ко кочијаш….и шо ако нејќам штикли и сто кила шминка на мене, не сум женско?!:

    • МЕ2 Reply

      онака мој тип на девојка. Кога видам девојка што сака хорор, пиво и да пцуе… Па тоа е таа 😀

  22. MDK Reply

    Ај сеа набројте уште 5000 работи што ги сакате… Еве кај и да е едно 15 бар ќе ви исполниме у 1 врска… останатите 5000 исполнете си ги како знаете… :/

  23. Jas Reply

    О боже боже што се нема да се прочита..

    Со кој памет авторот на оваа глупост го напиша ова…

    Поарно пишете, го сакате цел свет…

    Ццц, изгубив 120 секунди драгоцено време на ова..

  24. vera Reply

    gluposti

  25. Еми Reply

    Дали овие 20ина девојки тука разбираат дека се 4% од сите оние кои ја подржуваат статијава? 🙂

  26. Штифлер Reply

    Шопинг у Њујорк хахахахаха, ова за наши стандади би гласело работи како црнец овде у Македонија едно добри 5-6 год. па однесија женскати у Њујорк на шопинг

  27. Што сакаат мажите Reply

    Да си го јадете га*от!

  28. asd Reply

    Девојките се дегени.

  29. Nije Bitno :* Reply

    Mnogu sakame, znam :$$$ <3

  30. машко Reply

    Глупости…

  31. MrSmartGuy Reply

    Уште ништо не е потврдено од научниците, така да…

  32. Purple Reply

    Mislam deka ja preteravte so komentari za statijava… ova e sepak samo mislenje na edna devojka, zena i ako ne vi se dopaga i ne ste morale da komentirate…. i nakrajot na kraistata ako imate tolku mnogu sto da kazete vo vrska so temava ili posiroko slobodno napisete si svoja statija 😛

Остави коментар