Што работеле познатите пред да станат тоа што се денес?
Иако денеска не знаат што да прават со парите, и тие порано работеле секаква работа за да имаат некој долар во џебот. Ќе се изненадите што сè работеле некои од најдобрите глумци на денешницата.
Мадона – Одредено време работела во „Dunkin Donuts“ и продавала крофни.
Том Круз – На 14 години тој завршил благословија и аплицирал за да стане католички свештеник. Сепак подоцна плановите му се промениле.
Џони Деп – Својата одлична глума пред да стане познат актер, Џони ја користел за да им продава уникатни пенкала на клиенти. За возврат им ветувал и можно патување во Грција и џебен часовник.
Хју Џекман – Верувале или не, но тој порано работел како кловн за детски родендени. Самиот признава дека не бил многу добар во работата.
Елен Деџенерис – Пред да стане позната водителка, Елен работела како продавачка на правосмукалки.
Џорџ Клуни – Во минатото работел како продавач од врата на врата, продавач на женски чевли, а едно време и сечел тутун.
Синди Крафорд – Одредено време Синди за 4 долари на час, требела пченка.
Метју Меконахи – Додека студирал парите ги заработувал чистејќи кокошарници.
Хауард Стерн – Возел камионче за продавање сладолед.
Орландо Блум – Пред да стане познат актер, Орландо ракувал со машините што исфрлаат глинени гулаби за оние што спортуваат пукање со пушка.
Бред Пит – Одредено време Бред работел како маскота за пилешкиот ресторан „El Pollo“.
Вупи Голдберг – Одредено време Вупи работела како шминкерка, но на мртовци.
Силвестер Сталонe – Пред да ги добие своите први улоги, Силвестер работел како чистач на кафези во Зоолошка градина.