Што прво миете кога се бањате? Тоа открива нешто за вас!

Што прво миете кога се бањате? Тоа открива нешто за вас!

Делот од телото кој прв го миете открива некои карактеристики за вас како личност, особини кои би требало да ги промените, како и вашите најдобри потенцијални партнери. Ако ви се забавни ваквите анализи, сигурно ќе уживате и во оваа. Или можеби прво ќе треба да се избањате за да забележите точно кој е редоследот по кој го правите тоа. 🙂

0-shto-prvo-miete-koga-se-banjate-toa-otkriva-neshto-za-vas-kafepauza.mk

Коса

Уметничките и креативни личности најпрво ја мијат косата. Мечтаењето е ваша страст, но вие и можете да го постигнете она што другите не можат. Ви недостасува малку упорност и посветеност на целите, но подготвени сте неуморно да работите за да го остварите она што сте го зацртале. Парите не ви се многу важни. Пријателите често ви се интелектуалци и/или колеги-уметници. Отсекогаш сте сакале да истражувате и да го задоволувате партнерот. Талентот ви е вашата главна сила. Насочете го и негувајте го. Поврзете се со природата и духовната димензија и ќе бидете уште посилни и покреативни. Животниот партнер барајте го меѓу оние кои избрале „гради“.

Гради

Оние кои прво ги мијат градите се приземјени типови и практичари. Едноставни сте, искрени и не заобиколувате. За вас најважни се практичноста и едноставноста. Мразите некој да ви попречува додека се концентрирате и нестрпливи сте кон луѓето кои не ги гледаат работите на ист начин како вие. Добар сте и верен партнер, подготвен на жртвување во врската. Обидете се малку да се опуштите, бидете поспонтани и потрпеливи, не грижете се толку. Олабавете се од контролирањето на нештата и животот ќе ви биде многу поубав. Ваши најдобри партнери во животот ви се оние кои прво ја мијат косата.

2-shto-prvo-miete-koga-se-banjate-toa-otkriva-neshto-za-vas-kafepauza.mk

Пазувите

Самоуверени и вредни, вие прво мора да ги измиете вашите мишки. Подготвени сте да им помагате на другите. Понекогаш лошо ги проценувате луѓето, односно не знаете дали нивните намери се искрени или не. Работлив тип сте и имате таленти. По малку сте наивни и на сите им верувате. Најдете повеќе време за себе и негувајте ја духовноста. Зголемете ја својата внатрешна духовна сила и ќе бидете помоќни и позадоволни. Партнери бирајте меѓу оние кои прво си ги мијат рамењата.

Лице

На оние кои прво го мијат лицето, парите им се многу важни и подготвени се многу да се помачат за да ги добијат. Сакате околу себе да имате луѓе кои можат да ви бидат од корист и понекогаш мислите дека животот е едно големо малтретирање. Другите понекогаш не ве разбираат, но вам за тоа не ви е грижа. Понекогаш сте си во некој сопствен свет, па луѓето мислат дека сте егоцентрични. Имате бујна фантазија и многу желби. По малку сте зависни од партнерот, па обидете се да преземате иницијатива и да вложувате повеќе во односот. Обидете се да бидете помеки и попристапни во односите, медитирајте и волонтирајте. Имате голем потенцијал. Вашите најдобри партнери во животот ќе ги најдете помеѓу оние што избрале „останато“.

shto-prvo-miete-koga-se-banjate-toa-otkriva-neshto-za-vas-kafepauza.mk

Рамења

Оние кои прво ги мијат рамената многу се одговорни. Вие давате сè од себе во сè што правите. Понекогаш ве сметаат за умислени бидејќи често поминувате време сами, но вие на тој начин си ги полните батериите. Самотијата ви е потребна за да се соземете. Создавате доживотни пријателства со луѓето, штом тие ве запознаат. Парите и моќта не ве привлекуваат претерано. Во љубовта сте верни и стабилни. Понекогаш пуштете го кормилото и одморајте се повеќе на свеж воздух. Практикувајте релаксација и афирмација. Идеален партнер ви е оној кој прво ги мие пазувите.

Останато

Оние кои прво ги мијат другите делови од телото имаат свои вредности, но другите луѓе понекогаш тешко ги забележуваат. Длабоко внатре сте добра личност со малку маани. Време е да почнете да живеете со малку повеќе авантуристичен дух. Презентирајте ги своите потенцијали пред другите. Клучот за подобрување на односите со другите е во истакнување на сопствените квалитети, а не во сокривањето на недостатоците. Во љубовта сте страсни и интуитивни во мислите, а во пракса стравот од неуспех понекогаш ве спречува да се опуштите. Работете на својот внатрешен развој и сите ваши потенцијали ќе дојдат до израз. Вашиот идеален партнер е „лице“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар