Што претставува романтичен гест за денешните мажи?

Што претставува романтичен гест за денешните мажи?

Една студија во која учествувале 1.000 мажи открила дека и понатаму постојат романтични типови кои кажуваат „те сакам“, отвораат врати и пишуваат љубовни писма, но, сега се во мода и други романтични гестови со кои мажите им помагаат на своите поубави половини околу домашните обврски.

Истражувачите заклучиле дека покрај романтичните потези како вечера со свеќи и купување цвеќиња, на листата на романтични гестови сега се подоминантни оние пообичните, како помош околу детето и повремено миење садови, самостојно пеглање, пуштање на машината за перење алишта и чистење со правосмукалка.

Што претставува романтичен гест за денешните мажи?

Еден од резултатите од истражувањето е дека 7 од 10 момци се обидуваат да бидат поромантични кога се на одмор со својата партнерка. Изненадувачки е дека 3/4 од испитаниците рекле дека требало да се потрудат повеќе на полето на романтиката, додека дури 85% признаваат дека на нивната врска би ѝ дошло добро доколку поминат заеднички викенд. Романтичното однесување за 1/4 од испитаниците зависи од просторот во кој се наоѓаат, бидејќи им е полесно да бидат романтични на пример во хотел. 1/10 момци пак велат дека кога се далеку од стресот и обврските, тоа им помага да ја распалат страста во својата врска.

Листа на романтични гестови според мажите:
  • Фрлање ѓубре
  • Самоволно миење садови
  • Понуда за шолја чај
  • Изјавување љубов
  • Отворање врати
  • Местење на креветот
  • Грижа за децата за да може партнерката да излезе
  • Слушање на партнерката како се жали за напорниот ден (без тој да се жали)
  • Бакнеж или прегратка
  • Оставање пораки
  • Подарок за ден во спа-центар
  • Самостојно пеглање, без да го бара тоа од партнерката
  • Спуштање на капакот на веце-школката
  • Препуштање партнерката да го направи изборот на филм
  • Подарување чоколада и цвеќиња
  • Неочекуван план за излегување во град или заминување некаде за викенд
  • Препуштање на далечинскиот управувач на партнерката
  • Ослободување на тоалетот
  • Чистење зад себе
  • Вечера со свеќи
  • Помнење на годишнината и роденденот на партнерката
  • Подготовка на вечера
  • Делење комплименти
  • Заедничка прошетка
  • Масажа на стапалата или на друг дел од телото
  • Појадок во кревет
  • Подготовка на кадата за бањање
  • Чистење со правосмукалка
  • Пуштање машина за алишта
  • Пазарење или излегување со семејството

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар