Што прават интелигентните луѓе поразлично?

Што прават интелигентните луѓе поразлично?

Една неодамнешна студија ни открива дека она што луѓето го прават за да изгледаат интелигентно понекогаш не е тоа што другите го перципираат како знак на висока интелигенција. Постојат многу начини на кои навистина може да направите да изгледате попаметно, но доколку сакате да проектирате интелигенција, тогаш треба малку да го смените вашиот пристап.

Што прават интелигентните луѓе поразлично?

Оваа студија покажала дека луѓето кои се обидуваат да изгледаат поинтелигентно најчесто имаат посериозна фацијална експресија или пак, користат покомплексни зборови. Но, овие две нешта не одат заедно. Наместо тоа, треба да се обидете да бидете јасни, концизни и вклучени во разговорот. Со истражувањето се дошло до следниве заклучоци…

Однесувања кои луѓето мислат дека ги прават поинтелигентни:

  • Сериозна фацијална експресија
  • Рацете се чуваат во мирна позиција, најчесто зад грб
  • Користење големи зборови и комплексни реченици
  • Движење побрзо од оние околу нив

Однесувања кои другите ги бараат со цел да утврдат дека постои повисока интелигенција:

  • Став кој укажува на висока самодоверба
  • Активно учествување во разговор, кимање со главата и гестикулации
  • Говорење со пријатен и експресивен тон во гласот
  • Користење јасен јазик

Однесувања кои навистина предизвикуваат да делувате поинтелигентно:

  • Одржување контакт со очи за време на разговор
  • Стоењето или седењето исправено
  • Употребата на среден иницијал
  • Носење очила


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. daniela Reply

    koristete i vie “golemi” zborovi FACIJALNA EKSPRESIJA! sto mu fali na seriozen izraz na liceto?!

Остави коментар