Што покажува смислата за хумор и зошто е добра за општеството?
Смеењето е заразно, но и бесплатен лек. Сите сакаме да бидеме во друштво на луѓе што имаат смисла за хумор бидејќи дружбата со нив е одлична шанса за да се наполниме со позитивизам, позитивно расположение и барем малку да земеме здив од секојдневните проблеми. Што откриле бројните истражувања во изминатите години кога станува збор за луѓето со развиена смисла за хумор? Прочитајте во продолжение.
Се покажало дека луѓето со силно чувство за хумор се попаметни, поздрави и помалку доживуваат стрес во нивните животи. Покрај тоа, смислата за хумор може да ви помогне да изгледате попривлечни во очите на потенцијалниот романтичен партнер.
Хуморот има бројни придобивки и за општеството
Вработените што се забавни водат повредни и поефикасни тимови додека забавните наставници/професори имаат подобри ученици/студенти. Дури и самиот Ајнштајн неговиот брилијантен ум го припишал на детската смисла за хумор. Несомнено е дека многубројни студии покажале поврзаност помеѓу смислата за хумор и интелигенцијата кај индивидуите.
Според едно истражување спроведено во Австрија се покажало дека луѓето што сакаат црн хумор имаат повисок коефициент на интелигенција.
Истражувачите тврдат дека употребата на хуморот е емоционална и когнитивна способност. Анализите коишто тие ги направиле покажале дека забавните луѓе имаат повисока вербална и невербална интелигенција и постигнуваат пониски резултати на скалата за агресивност и нарушување на расположението.
Добрата смисла за хумор е поврзана и со повисока емоционална интелигенција
Повисоката емоционална интелигенција којашто се поврзува со хуморот е многу посакувана особина кај партнерот.
Еволуциските психолози го карактеризираат хуморот како „наследна особина“ којашто сигнализира силно ментално здравје и интелектуална вештина што се бара кај потенцијалните пријатели.
Во експериментите на тема привлечност и мажите и жените ги сметаат за попривлечни оние што имаат повеќе смисла за хумор и таквата црта ја бараат во нивниот долгогодишен партнер. Луѓето што се трудат да го искористат својот хумор за да ги зацврстат врските и да ги намалат конфликтите имаат хумор којшто е поврзан со поголемо задоволство од врските, поголема самопочит и екстровертност.
Комичниот поглед кон светот е одличен „механизам за справување“ во секојдневните ситуации. Тоа помага и за полесно справување со стресот.
Стилови на хумор со повеќе негативни асоцијации
Сарказмот, исмејувањето и себепотценувањето како еден вид хумор немаат исто влијание како здравиот хумор. Тие повеќе ги оддалечуваат луѓето и повеќе се поврзани со агресија и депресивно расположение. Неврологијата покажува дека смеењето води кон промени во мозокот што ја објаснува поврзаноста помеѓу хуморот и интелигенцијата. Невролошките истражувања откриле дека доживувањето позитивни емоционални состојби како забава, задоволство и среќа го зголемуваат лачењето на допаминот во мозокот. Допаминот ги отвора и центрите за учење во мозокот и го прави подложен на повеќе нервни поврзувања. Ова резултира со поголема креативност во размислувањето, пофлексибилност и подобро решавање проблеми. Исто така ја подобрува и работната меморија.
Хуморот и среќата
Наодите покажуваат дека хуморот ја зголемува перцепцијата за самодовербата, компетентноста и социјалниот статус правејќи ги повлијателни луѓето со силна смисла за хумор. Комедијата ги привлекува луѓето, ја олеснува комуникацијата и помага да се учи поефективно.
Истражувачите на позитивни организации сугерираат дека колку е позабавно на работното место толку попродуктивна ќе биде работата. Хуморот е од голема помош при учењето.
Дознајте и како смислата за хумор ја одредува вашата интелигенција.