Што покажува расата на вашето куче за вашиот љубовен живот?
Кога ќе помислите дека нема повеќе начини да ги проценувате луѓето, тогаш се појавува истражување кое открива какви сте во љубовниот живот според тоа какво куче имате.
На 1.000 корисници на апликацијата Клоф, им рекле да поврзат разни лични карактеристики и преференции со расата на нивното куче. Во глобала, според истражувањето ги добиле следниве резултати:
1. Луѓето со големи кучиња се сметаат за доверливи и спремни за љубовна врска. Затоа пак, луѓето со чивава биле согледани како „глупави“ и само за една ноќ.
2. Кога се во прашање луѓето со кучиња од средна големина, работите стануваат покомплицирани. Наводно, ако сте маж со француски булдог, ве сметаат за „грижливи и практични“, а во оваа категорија припаѓаат и жените со пудлици. Мажите со поголеми кучиња биле повеќе атрактивни, а мажите кои имаат кучиња од расата германски овчар се сметаат за луѓе на кои можете да се потпрете.
3. Во целина, жените најмногу сакаат мажите да имаат лабрадори и златни ретривери, поради нивната убавина и лојалност. Секако, тие можеби нема да ве заштитат доколку сте во опасност затоа што повеќе сакаат да се милуваат отколку да напаѓаат, но се познати по нивната лојалност, а таа карактеристика жените ја сметаат за најдобра.
4. А што се однесува до жените и нивните кучиња, оние што имаат загари, биле согледани како „баш тоа што мажите го сакаат“, но сепак златните ретривери биле повторно први на листата.