Што открива за мажите начинот на којшто возат?

Што открива за мажите начинот на којшто возат?

Добриот возач обрнува внимание на деталите, има самоконтрола, може да ја процени ситуацијата и знае што да прави во непредвидливи околности. На начинот на возење влијаат неколку фактори – од емоционалната состојба на возачот, па сè до неговиот карактер. Всушност, начинот на којшто некоја личност вози може да каже многу за него.

Што открива за мажите начинот на којшто возат?

1. Возач кој не ги пропушта пешаците

Истражувањата покажале дека мажите кои не ги пропуштаат пешаците често мислат дека се поважни од другите. Се разбира, на секој може да му се случи ова, па важно е да забележите дали го прави ова намерно и често, или пак се случило поради некоја друга причина.

2. Возач кој има скап автомобил

Наводно, оние кои имаат луксузни автомобили се поарогантни на патот за разлика од оние кои возат поевтини модели. Верувањето дека сте поважни од другите возачи често е еден од знаците на нарцизам. Се разбира, ова не мора да биде дефинитивен показател дека станува збор за таква личност. Пред да донесете заклучок, набљудувајте како се однесува личноста во други ситуации, на пример како ги третира келнерите, рецепционерите, продавачите и слично.

3. Возач кој се заблагодарува кога ќе му дадат предност

На секој барем еднаш му се случило да му го „пресече“ патот на друг кога бил во брзање. Ако по оваа постапка возачот ѝ се заблагодари на личноста што го пропуштила, тоа е одличен знак. Овие луѓе знаат да ги признаат нивните грешки и благодарни се кога некој ќе им направи услуга.

4. Возач кој не прави место за возило од брза помош

Според законот, секогаш треба да направите место за да помине брзата помош. Повеќето луѓе го прават ова без многу размислување. Но доколку возачот намерно го блокира возилото за брза помош, тоа е знак дека сте во друштво на личност со нарцизам која смета дека е подобра од другите и дека е над законот.

5. Возач кој не го вклучува трепкачот

Возачот кој заборава или не сака да го вклучи трепкачот им го отежнува возењето на другите луѓе. Ова однесување е често кај личност која е „отсутна“, но и личност која не ги познава правилата. Експертите споменуваат дека ова однесување може да биде знак на мрзливост, емоционална нестабилност или да станува збор за личност која не размислува за својата и безбедноста на другите.

6. Возач кој често користи погрдни зборови и агресивни гестови

Биле направени три истражувања во Охајо и Луксембург со цел да се најде поврзаноста помеѓу нарцизмот и агресивното возење, кое често е причина за сообраќајни несреќи. Резултатите покажале дека нарцисоидните луѓе почесто користат погрдни зборови во текот на возењето, лесно се лутат поради возењето на другите и често возат над дозволената брзина.

7. Возач кој го користи телефонот за време на возењето

Немојте да го користите вашиот телефон додека возите. Иако ова правило е јасно и со причина, многу луѓе не го почитуваат. Дури и ако телефонот го користите за навигација, подобро е да му го дадете на совозачот. Истражување од 2016-та година покажало дека отвореноста, совесноста, екстровертноста, согласноста и невротичноста се петте главни особини на една личност. Истражувачите откриле дека совесните и согласните луѓе побрзо одговараат на пораките или пропуштените повици, па поради тоа се поотсутни возачи. Истовремено се покажало дека екстровертите почесто го користат телефонот од интровертите.

Погледнете ги и советите за возење што ќе ви помогнат да ги избегнете несреќите на лошо време.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар