Што открива вашата профил-слика на Фејсбук за вашиот карактер?

Што открива вашата профил-слика на Фејсбук за вашиот карактер?

Добро познатата изрека „Една слика вреди илјада зборови“ крие голема вистина во себе, барем кога станува збор за профил-сликата на Фејсбук. Едно истражување од Универзитетот во Пенсилванија открива што вели вашата фотографија на Фејсбук за вас и вашиот карактер. Дали сте екстроверти, совесни или невротични? Вашите фотографии на социјалните мрежи можат да ви помогнат да дознаете!

Што открива вашата профил-слика на Фејсбук за вашиот карактер?

Имено, екстровертите уживаат да се дружат со луѓе, постојано излегуваат и се многу енергични. Поради тоа, тие најчесто ставаат профил-слики со друштво за да ги искажат нивните позитивни емоции. Совесните луѓе, пак, прават планови и се придржуваат до нив. Тоа значи дека тие се потчинуваат на нормите за она што се очекува од една профил-слика, а тоа е фронтална фотографија од нив самите.

Истражувањето ги разгледало профил-сликите од повеќе аспекти и ги испитало боите, естетиката, изразот на лицето и емоциите што се содржат во нив. Со помош на сите овие карактеристики, истражувачите ја воспоставиле врската меѓу овие фотографии и главните 5 карактерни особини: Екстровертност, соработливост, отвореност, совесност и невротичност.

Во истражувањето учествувале повеќе од 60.000 луѓе и целта била да им се помогне да одберат соодветна фотографија што одговара на нивниот карактер. Се покажало дека корисниците кои се отворени кон нови искуства одбираат неконвенционални слики и пози со што ја изразуваат нивната креативна и уметничка страна. Невротичноста подразбира негативни емоции што исто така може да се одрази на изборот на профил-сликата.

Што открива вашата профил-слика на Фејсбук за вашиот карактер?

Истражувачите решиле да се фокусираат на профил-сликите, бидејќи тие покажуваат каков впечаток сакаме да оставиме кај луѓето. Ако мислите дека лесно ќе можете да ги излажете луѓето дека сте опуштени, а всушност сте невротични, имаме лоши вести. Вистината е дека нема да можете да го направите.

„Иако социјалните мрежи им дозволуваат на корисниците да ја обликуваат сопствената личност, доказите покажаа дека однесувањето на социјалните мрежи сепак го открива вистинскиот карактер на луѓето“, тврдат истражувачите и додаваат дека нивните алгоритами успеале да го погодат карактерот на корисниците 65% од времето, што е прилично добар резултат.

Тоа значи дека имате 35% шанси да ги излажете вашите Фејсбук пријатели. Во продолжение прочитајте ги откритијата на ова интересно истражување…

1. Совесноста е карактерна особина која се поврзува со уредноста, испланираното однесување и самодисциплината. Совесните луѓе одбираат разнобојни, природни и светли слики каде што се насмеани и делуваат среќно.

2. Екстровертноста е особина која се покажува преку вклученоста во надворешниот свет. Екстровертните луѓе одбираат остри, разнобојни слики на кои има повеќе убави луѓе, обично без очила за сонце.

Што открива вашата профил-слика на Фејсбук за вашиот карактер?

3. Соработливоста подразбира одржување на хармонијата во меѓучовечките односи и желбата за соработка. Соработливите луѓе одбираат нежни и естетски неуредни слики кои најчесто покажуваат позитивни емоции и радост.

4. Невротичноста се поврзува со негативните емоции и емоционалната нестабилност и затоа невротичните луѓе најчесто ставаат едноставни, безбојни фотографии со монохроматски бои. На изразот на лицето му недостасува отвореност и многу често ставаат слики каде што носат очила за сонце. Честопати, невротичните луѓе одбираат профил-слики без видливи лица.

Што открива вашата профил-слика на Фејсбук за вашиот карактер?

5. Отвореноста подразбира желба за нови искуства и знаење. Отворените луѓе одбираат привлечни, но не толку разнобојни фотографии со нагласен контраст, острина, сатурација и помалку замагленост. Освен тоа, отворените луѓе покажуваат голем број емоции преку нивните профил-слики.

Истражувањето заклучило дека корисниците кои се отворени и невротични не објавуваат многу фотографии од други луѓе, а ако има такви, луѓето не покажуваат позитивни емоции, иако естетскиот квалитет на сликите е поголем кај отворените, а понизок кај невротичните поединци.

Совесните, соработливите и екстровертните корисници претпочитаат фотографии со најмалку едно лице и генерално покажуваат позитивни емоции преку нивните изрази. Сепак, совесните поединци ги почитуваат правилата и одбираат фотографија која мислат ги исполнува критериумите на една профил-слика. Станува збор за фотографија од едно лице кое покажува позитивни емоции.

Што открива вашата профил-слика на Фејсбук за вашиот карактер?

Па, сега кога откривте каков е вашиот карактер, дали мислите дека вашата профил-слика е привлечна за другите корисници? Друго истражување покажало дека луѓето повеќе се интересираат за корисниците чии фотографии покажуваат отворени очи, овално лице, насмевка и кафеава коса. Освен тоа, луѓето кои носат џемпери на сликите се сметаат за подостапни.

Од друга страна, пак, луѓето не биле толку заинтересирани за оние со неутрален или негативен израз на лицето, црна или кратка коса, шапка и очила за сонце, што се главните карактеристики типични за интровертните, невротичните и несоработливите луѓе.

Доколку не сте задоволни со она што вашата профил-слика го открива за вас, можеби можете намерно да одберете фотографија која ќе ја скрие вашата вистинска личност. Зошто сите пријатели на Фејсбук мора да знаат сѐ за вас?

Ако сакате да дознаете повеќе информации на оваа тема, прочитајте што открива вашата профил-слика на Фејсбук за вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар