Што открива шминката за вашиот карактер?

Што открива шминката за вашиот карактер?

Жените ја изразуваат својата личност на многу начини: преку начинот на облекување, преку начинот на кој разговараат со луѓето, преку нивните интереси итн. Но, ништо не привлекува толку многу првично внимание како нивната шминка. Продолжете да читате ако сакате да дознаете што открива шминката за вашиот карактер.

Што открива шминката за вашиот карактер?

1. Дебела линија ајлајнер и црвени усни

Вие сте многу организирани. Деталите се важни за вас, ги памтите сите родендени, хороскопски знаци и интереси. Вие сте остроумни исто како што е остра вашата совршена дебела линија на окото.

Остатокот од вашата шминка е исто така во согласност со вашата личност – елегантна, но впечатлива: суптилно обликувани линии, совршено црвени усни и сјајно лице.

2. Румени образи, нашминкани усни и изразени веѓи

Моќна, самоуверена и женствена – вие не сте личност која седи на маргините и се срами од храбрите изјави ниту во животот, ниту во вашиот изглед. Шминката ви ја потврдува довербата и креативноста.

Вие се потпирате на сè што ќе направи вашето лице да биде во центарот на вниманието. Животот е премногу краток, па зошто да не додадете малку боја?

3. Вампирски усни и црни трепки

Луѓето не можат да одлучат што е подрско: вашата шминка или вашето однесување. Некои луѓе ве нарекуваат драматични, но малку драма нема да повреди никого.

Иако имате круг на пријатели кои ве сакаат поради вашата страст, некои луѓе ве сметаат за застрашувачки и стојат на растојание од вас. Сепак, вие сте жена која знае што сака. Еден ден ќе ги испробате сите шминки исто како и повеќето работи во животот.

4. Природна шминка

Според вашите карактеристики, вие сте мирни пред, за време и по бурата. Некои луѓе може погрешно да ги разберат вашата пасивност и смиреност, но нивните мислења се далеку од вистинити. Вистината е дека имате многу мисли и работи што треба да бидат кажани, меѓутоа нив ги изразувате на селективен начин. Меѓу пријателите, вие сте чуварот на мирот и гласот на разумот.

Иако ви се допаѓа храбриот трендовски изглед, добро се познавате и знаете дека вашиот секојдневен стил не е (и никогаш нема да биде) таков. Сакате природен и практичен изглед. Во вашиот несесер има ББ-крем, сјај за усни, руменило и маскара.

5. Контурирано лице и драматични очи

Некои ве нарекуваат кралица на драмата, но ве сметаат и за личност која е во согласност со своите чувства и емоции. Плачете на секој филм, најгласно се смеете на комедиите и жестоки сте кога се расправате. Се изразувате исто како што се изразени вашите совршено направени црти на лицето и извонредните очи.

Луѓето секогаш знаат на што се со вас и како се чувствувате во одреден момент и поради тоа ве сакаат. Вашите емоции може да бидат малку бурни, но подобро е да бидете искрени затоа што така барем го правите животот поинтересен.

Прочитајте ги овие 6 причини зошто да го одморите вашето лице од шминка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар