Што открива начинот на кој кивате за вашиот карактер?

Што открива начинот на кој кивате за вашиот карактер?

Според експертите за говор на телото, различните видови кивање откриваат различни карактеристики на личноста. Во продолжение прочитајте што открива начинот на кој кивате за вашиот карактер.

Што открива начинот на кој кивате за вашиот карактер?

1. Личност што се извинува за кивањето

Личноста што се извинува пред, по, а можеби и за време на кивањето е некој што не сака премногу да влијае на животот на другите луѓе.

Овие личности се секогаш пристојни. Кога ќе се обидат да го задржат кивањето, може да видите агонија на нивното лице. Тие дефинитивно треба да поработат на самодовербата.

2. Гласно кивање

Луѓето кои киваат гласно најчесто се мажи и тие веруваат дека нивното гласно кивање ја потврдува нивната важност во светот. Овие личности ретко ја покриваат устата и се горди на своето кивање.

3. Тивко кивање

Личноста која кива тивко не сака да привлече внимание кон себе. Таа ќе се обиде да го задржи кивањето или ќе кивне многу тивко.

Овие луѓе можеби немаат многу самодоверба и не сакаат да бидат во центарот на вниманието.

4. „Апчиха“

Ова обично го прави некој што мисли дека има право на кивање, но се обидува да биде социјално пристоен. Понекогаш се нарекува придушено кивање и често се слуша во јавни места каде што има многу луѓе, како во лифт или во воз.

Овие личности се самоуверени, но и совесни.

5. Личност што се обидува да не кивне

Станува збор за личност која не сака да создаде сцена. Таа ќе проба сè, од задржување на здивот до стискање на носот.

Овие личности треба да останат верни на себе и да не дозволуваат другите на влијаат многу лесно врз нив.

6. Кивање во лактот

Овие личности сакаат да ги следи правилата, а со неодамнешните упатства за заштита од ковид-19, кивањето во лактот е најхигиенскиот начин за кивање.

Овие личности се свесни и внимателни, но понекогаш им недостасува индивидуално размислување.

7. Повторено кивање

Ова најмногу го прават личности што сакаат да бидат во центарот на вниманието.

Киваат 2-5 пати, но не мора да бидат многу гласни.

8. Кивање преку видеоповик и тоа без марамче

Овие личности се неподготвени и многу често се збунети.

Прочитајте кои 9 работи ги правите секој ден, без да знаете колку се опасни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар