Што открива месецот на раѓање за вашето здравје?

Што открива месецот на раѓање за вашето здравје?

Едно истражување спроведено на универзитетот Колумбија покажало поврзаност помеѓу месецот на раѓање и човечкото здравје. Научниците откриле како месецот на раѓање влијае на развојот на одредени болести.

1.shto-otkriva-mesecot-na-ragjanje-za-vasheto-zdravje-kafepauza.mk

Доктор Николас Татонети, кој е професор на Медицинскиот центар во Универзитетот Колумбија, со својот тим експерти направиле истражување за влијанието на месецот на раѓање на одредени болести.

Проучувале медицински картони на повеќе од милион пациенти кои биле на лекување во Њујоршката презвитеријанска болница, во период од 1985 до 2013 година. Резултатите од ова истражување се поклопуваат со резултатите од истражувањата направени порано во Шведска, Данска и Австрија.

Ризик за развивање болести

Научниците тврдат дека шансите за заболување од астма се значително поголеми кај луѓето кои се родени помеѓу јули и октомври, а ризикот за развивање нарушена хиперактивност и дефицит на вниманието е зголемено кај луѓето кои се родени во ноември.

Луѓето кои се родени во март, често добиваат аритмија, конгестивна срцева слабост и митрална валвуларна болест.

2.shto-otkriva-mesecot-na-ragjanje-za-vasheto-zdravje-kafepauza.mk

Добра вест за оние кои се родени во мај е тоа што ризикот за заболување од хронични болести е многу мал, за разлика од луѓето кои се родени во октомври.

„Овие податоци ќе им помогнат на научниците да откријат нови фактори кои влијаат на развојот на болестите. Важно е луѓето да не се вознемируваат поради овие резултати“ – изјавил Татонети.

Тој исто така додава дека иако откриле значајни врски, генерално гледано ризикот за заболување е навистина мал. Особено ризикот поврзан со месецот на раѓање во споредба со многу други влијателни фактори како што се исхраната и физичката активност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар