Што открива крвната група за вашето здравје?

Што открива крвната група за вашето здравје?

На крвната група не може да се влијае, таа се наследува од родителите. Но, покрај тоа што нутриционистите откриле која храна одговара најмногу на одредена крвна група, лекарите исто така успеале да ги поврзат крвните групи и со одредени здравствени проблеми.

Што открива крвната група за вашето здравје?

Научниците нагласуваат дека сè уште не се знае колкава е навистина улогата на крвните групи за одредени болести, но дефинитивно тврдат дека постои поврзаност.

Проблеми со помнењето

Според истражувањата, личностите со крвна група АБ имаат зголемен ризик од когнитивни оштетувања. Тоа особено се однесува на луѓето во постари години, кога потешко можат да учат и помнат.

„Знаеме дека крвната група АБ ги одредува факторите кои се важни за коагулација на крвта како и за протеините во неа“, објаснува професорката по медицина и патологија, Мери Кашман. „Токму тоа може да ни помогне да сфатиме зошто луѓето со крвна група АБ имаат повеќе проблеми со помнењето иако сè уште не ни е познато точно зошто се случува тоа.“

Друг проблем кој е поврзан со оваа крвна група е ракот на желудникот. Личностите со АБ имаат и до 26% повеќе шанса да заболат од оваа болест. Најчесто причината се наоѓа во бактеријата хеликобактер пилори, а личностите со крвна група АБ потешко се борат против неа.

Чир на желудник

За разлика од оние со АБ, појавата на оваа бактерија може да влијае и врз оние со крвна група 0 да имаат поголеми шанси да добијат чир на желудникот. Оваа крвна група некако го модифицира имунолошкиот состав кога ќе го нападне бактеријата хеликобактер пилори, но научниците сè уште не откриле како.

Срцеви болести

Во овој случај, оние кои се со крвна група 0 имаат предност пред другите типови дури за 23% повеќе. Според една студија од Харвард, оние кои имаат крвна група АБ и Б се изложени на најголем ризик за развивање срцеви болести. Научниците објаснуваат дека одредени крвни групи се поврзуваат и со зголемени воспаленија, па токму тоа на некој начин ја објаснува врската со болестите на срцето.

Рак на панкреас

За разлика од останатите групи, луѓето со крвна група 0 имаат и до 37% помали шанси да ја развијат оваа болест. Научниците успеале и оваа болест да ја поврзат со познатата бактерија хеликобактер пилори.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар