Што открива бојата, формата и должината на вашата коса за вас?
Пронајдете ја вашата фризура и откријте нешто повеќе за себе. Дали сте дружељубиви, хаотични или перфекционисти? Дали можеби сте поемотивни отколку што мислите или пак, сте склони кон драматични ситуации?
1. Црвена коса значи дека сте забавна личност.
2. Виткана коса симболизира дружељубивост, топлина и срдечна личност, но и личност која брзо ги завршува работите.
3. Тенка и лесна коса открива иновативни и креативни луѓе.
4. Тенка коса имаат само оние луѓе кои се полни со сила и волја.
5. Ако имате природно права коса која обожавате да ја правите со локни, вие тежнеете за повеќе забава во вашиот живот.
6. Ако имате природно кадрава коса која редовно ја исправувате, тогаш вашиот живот е хаотичен и сакате да ги смирите работите околу вас.
7. Косата со средна должина ги отсликува оние со добри интелектуални способности.
8. Жените со долги коси се поемотивни и повеќе свесни за себе.
9. Ако имате целосно кратка коса, вие не се грижите за ништо во животот, исто како што не се грижите премногу ни за вашата коса.
10. Ако вашата фризура бара многу време за одржување, вие сте сигурно самокритични и склони кон драматични ситуации.
11. Жените чија коса е најчесто бушаво собрана или во плетенка, на последно место ги ставаат своите сопствени потреби.
12. Ако сте одлучиле целосно да ја избричите вашата глава, изгледа во себе криете неверојатно романтична страна.
13. Ако имате необична и неконвенционална фризура, во вашето друштво никому не му е здодевно.
14. Косата во степени укажува на перфекциониста.
15. Косата која е исчешлана наназад, без патец, укажува на бунтовничка која често ги крши правилата.
16. Доколку вашата коса нема никаков ред, ниту смисла, сигурно имате проблематично минато зад вас.
17. Жените кои носат високо коњско опавче точно знаат што сакаат од животот.