Што неговите необични задоволства зборуваат за неговата личност?
Начинот на кој мажите се справуваат со себеси после стресен ден на работа или пак се наградуваат после успешен ден, може да открие некои карактеристики од неговиот карактер и неговата вистинска мотивација во животот. Проф. Д-р Патрик Венис е експерт за однесувањето на луѓето, кој зборува за 10 типови задоволства кои ги имаат голем број мажи и што тие говорат за нивниот карактер.
Јаде темно чоколадо
Оние мажи кои сакаат да се „нурнат“ во вкусно темно чоколадо после долгиот работен ден, се романтични, спонтани луѓе со филозофска природа, кои ги разбираат своите емоции и можат да учествуваат во длабоки разговори.
Гледа авантуристички реални ТВ шоуа
Доколку тој преферира да ја смирува својата тензија гледајќи реални ТВ-шоуа како „Survivor“ и слични, тогаш тој е маж кој сака да презема ризици, авантурист е по природа и сака да биде предизвикан со нешто. Доколку овој опис не е соодветен на вашето момче, тогаш ова негово задоволство може да индицира дека тој потсвесно сака да биде понаметлив, самоуверен или поагресивен. Гледајќи во телевизорот си помислува: „Би сакал јас да можев да го направам ова“ – објаснува Венис.
Купува гаџети
Некои мажи едноставно мораат да го поседуваат секое ново технолошко чудо кое се појавило на пазарот, дури и ако реално не им е потребно. Венис објаснува дека мажите кои имаат афинитет кон гаџети, можеби едноставно сакаат да ги истражат новите технологии бидејќи навистина го ценат она што човекот може да го создаде. Од друга страна, овие мажи можеби чувствуваат потреба да бидат прифатени од страна на општеството, па затоа се чувствуваат поудобно кога го следат она што го прават останатите луѓе. И покрај тоа што купувањето нова „играчка“ моментално ќе направи овој маж да се чувствува возвишено, сепак на крајот на краиштата, тој не е креатор на трендовите, туку ги следи веќе постојните.
Сака да се негува
Оние мажи кои обожаваат да одат на масажа или во спа-центар, едноставно можат да проценат кога им е потребен вистински одмор и фокус кон сопственото здравје. Венис смета дека голем број луѓе во денешниот брз начин на живот, се казнуваат себеси кога се мрзеливи, сметајќи дека единствениот начин на сатисфакција претставува напорната работа. Меѓутоа оној маж кој знае дека е сосема во ред понекогаш да се олабави и да ги почувствува убавите работи во животот, има помали шанси да ја расипе својата љубовната врска и вистински го живее животот.
Купува скапи работи
Доколку мажот има потреба да се награди себеси за напорната работа, купувајќи си скап часовник, пар дизајнерски чевли или скапи очила за сонце, тој или може да препознае колку напорно работел и навистина верува дека заслужува да се почести себеси со некое поскапо парче или има потреба да ги убеди луѓето околу себе дека е многу богат и успешен во она што го прави. Не станува збор за типична самобендисаност, туку потреба за внимание и одобрение од страна на луѓето околу него.
Поседува луксузен автомобил
Според Венис, луксузниот автомобил претставува највисок статусен симбол. Доколку вашето момче не се задоволува со само едно извозено крукче во добар туѓ автомобил и сака да поседува свој, тогаш тој е можеби опседнат со тоа колку далеку сака да стигне во животот, но му недостасува доволно амбиција за да го направи тоа. Мажите кои фантазираат за добри автомобили, буквално си замислуваат дека наскоро ќе ги имаат, без разлика на финансиската состојба во која се наоѓаат. Разликата помеѓу оние кои имаат скапи автомобили и оние кои посакуваат да ги имаат, е во тоа што првите ја имаат моќта, а вторите сакаат да ја имаат.
Спие до пладне
И покрај тоа што ова може само да значи дека тој е мрзелив и му недостасува малку мотивација, може да значи и дека тој навистина ги разбира значењето на живеење балансиран живот, а тоа е квалитет кој секоја девојка би посакала да го има нејзиниот партнер. Доколку тој е мотивиран да спие малку подолго бидејќи забележел дека е хронично уморен, тогаш тој ќе има разбирање за неговата девојка, кога таа ќе се чувствува исцрпено. Овој тип на момче ќе ја охрабрува својата партнерка да ужива во својот живот и да се релаксира секогаш кога тоа ѝ е потребно.
Сака да игра онлајн игри
Играњето игри како „FarmVille“ и „World of Warcraft“ може да значи дека на него му е потребен ментален излез од реалноста. Фантазиите можат да бидат ок, доколку се во рамнотежа со реалниот поглед и доколку се појавуваат повремено. Но, доколку вашето момче поминува повеќе време играјќи игри на компјутер наместо со вас, тоа може да претставува знак за постоење на негов нерешен психолошки проблем, кој го предизвикува да побара излез од реалните врски и реалните луѓе, влегувајќи во надреалниот свет на видео играта.
Сака да слуша музика од ’80-тите
После напорна седмица, тој можеби сака да дојде дома и да ги „рокне“ звучниците со некои песни од Дуран Дуран или Депеш Мод. Венис објаснува дека враќањето назад во времето им дава на луѓето чувство на сигурност. Музиката од осумдесеттите репрезентира самозадоволство и нарцисизам, односно претставува почеток на демонстрирањето самодоверба. Поради тоа, мажите кои слушаат ваква музика, можеби наоѓаат утеха во преживувањето на тоа време, во кое се уживало во сѐ до бескрајни граници и луѓето многу се забавувале.
Сака да се напие убаво виски
Ова може да значи дека вашето момче сака да се релаксира и да ужива во доброто расположение. Пиењето виски после напорен ден, означува дека тој е тип на личност која сака да ужива во убавините кои животот ги нуди. Воедно, ова негово „валкано“ задоволство значи дека тој е маж кој се гордее со себеси и својата работа.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.