Што не треба да правите на новогодишната ноќ?
Нова година е магична ноќ. Но, магијата на оваа ноќ е до одреден степен создадена од самите луѓе поради посебните ритуали што ги прават за време на оваа ноќ. Постојат многу верувања за тоа што треба да се направи ноќта помеѓу 31 декември и 1 јануари и што не треба да се прави на 1 јануари. Прочитајте на што треба да внимавате ако сакате да имате повеќе среќа во следната година.
1. Празничната ноќ не може да се слави во стара облека. Најрадикалната верзија на ова верување е дека не треба да носите нова облека цела недела пред почетокот на новата година, туку новата облека да ја носите на 31 декември.
2. Пред да си замислите новогодишна желба, не треба да размислувате долго за формулацијата. Важно е да не го користите негативниот збор „не“. На пример, наместо да посакате „да не се разболите“, подобро е да посакате „да бидете здрави“. Традиционално, желбата не треба да ја кажувате гласно.
3. Немојте да шиете копчиња на последниот ден од годината бидејќи постои многу висок ризик старите нерешени проблеми да преминат во новата година.
4. Заборавете на социјалните мрежи. Психолозите велат дека дури и ако сами ја поминете новогодишната ноќ, подобро е да бидете подалеку од социјалните мрежи за Нова година. Најдобра опција би било гледањето интересен филм или претстава.
5. Ако го славите дочекот исклучиво во женско друштво, тоа може да предизвика феминистички протест. Ако нема друг начин како да ја дочекате новата година, по 12 часот мора да излезете и да им честитате на мажите што се во ваша близина. Психолозите имаат малку поинаква теорија во овој поглед – сè што е потребно е да не ја дочекате новата година со луѓе што не се како вас.
6. Не празнувајте со празни џебови, во спротивно нема можете да сонувате за просперитет и за финансиска стабилност во наредната година.
7. Не треба да позајмувате пари пред 31 декември, а најдобро е да се обидете да не позајмувате пари од 31 декември до 19 јануари.
8. Создајте атмосфера на мир и добра волја барем неколку дена пред почетокот на новата година и, според суеверието, тие ќе продолжат во текот на целата година.
Прочитајте што не треба да правите во текот на 2020 година затоа што овие работи носат несреќа.