Што не би требало да им кажувате на луѓето кои не сакаат да излегуваат?
Излегувањата се омилената активност на многу луѓе, но „многу“ не ги опфаќа сите луѓе на планетава. Да, постојат луѓе кои попрво би седеле дома и би гледале филм отколку да одат на некоја луда забава, а тие луѓе во ниеден случај не сакаат да ги слушнат овие реченици. Но, ако веќе им ги кажете, тогаш не се чудете ако ви возвратат со вакви цинични коментари.
„Ајде ќе биде забавно!“ – Можеби ќе биде, а може не, но знаеш што е дефинитивно забавно? Мојот совршен план за седење на каучот со пуканки. Па, затоа останувам на тоа.
„Воопшто не си излегол/а цела недела.“ – Знам, тоа е ми е омиленото нешто неделава.
„Мислам дека си во депресија.“ – Затоа што не сакам да пијам кригла пиво и да пеам песни од Кеша на полноќ? За твоја информација, тоа не е симптом на депресија.
„И сега ќе останеш овде сам/а? Ох, тоа е толку тажно.“ – Тажно?! Ќе си правам постер со лепак, светки и букви од самолеплива хартија и потоа ќе јадам чипс по долна облека. Тоа ни малку не звучи тажно.
„Ама сите ќе бидат возбудени што ќе те видат“ – Ох тоа е толку слатко! Потсети ги дека ги сакам, но и дека јас сум одговорен/а за моите одлуки и многу ретко се чувствувам удобно на забави.
„Ќе престанам да те канам на вакви нешта затоа што никогаш не доаѓаш.“ – Хм, сурово, но фер.
„Ти мразиш забава?“ – Не, не, не! Обожавам забава, затоа ќе останам дома и ќе го средувам плакарот додека ја слушам Сиа.
„Зошто не сакаш да излеземе? И онака немаш планови!“ – Да јадам пица и да ја гледам омилената серија мене ми звучи како совршен план, така што, прашањево не ти држи вода.
„*Внеси име на пријател/ка што ја обожуваш* ќе биде таму! Ти ја обожуваш *дотичната личност*! – Да навистина го/ја сакам и се договорив да излезам на кафе со него/неа следната недела и тоа ќе биде забавно тогаш, а не сега!
„Немој да се срамиш. Сите ќе те сакаат.“ – И треба. Проблемот е во тоа што си се сакам себеси повеќе и сакам да бидам со себеси.
„Мораш да се опуштиш малку. Под преголем стрес си.“ – Точно така! И дел од тој стрес моментално доаѓа кога ме тераат да правам работи што дефинитивно не сакам да ги правам.
„Но ќе има *вметни нешто навистина екстравагантно и необично за журка* – Не е важно колку е добра забавата. Сепак, таму ќе има луѓе и ќе треба да се пресоблечам. Така што, не фала, можеби следниот пат.
pouzas kolumna oddamna ne sum prochitala
Благодариме за искреноста.