Што навистина е потребно за среќен живот?
Според податоците собрани во британската канцеларија за национална статистика, по мерење на благосостојбата во 2016 година, се открило дека луѓето во брак имаат поголеми шанси да бидат задоволни со својот живот, додека пак најмало животно задоволство имаат оние кои се разделени или разведени.
Можеби би рекле дека брачниот живот со себе носи едномесечен секс, караници околу неиспраните садови и здодевни викенди поминати во својот дом, но според ова истражувања нештата се многу поинакви отколку што сме мислеле досега.
Имено, 34% од испитаниците во брак го оцениле своето животно задоволство со 9 или 10, на скала од 1 до 10, во споредба со 28,9% од оние кои само живеат со својот партнер (без склучен брак) или кои се вдовци. Од друга страна пак, 19,5% од разделените или разведените сметаат дека имаат високо животно задоволство, што е помалку дури и од 21,9% од сингл испитаниците, кои пријавиле големо задоволство во својот живот.
Статистиката исто така ни покажува и дека бројот на луѓе кои имаат крај себе личност на која можат да се потпрат се намалил од 86,4% на 84% во период од само 3 години, поточно од 2011 до 2014.
Од друга страна пак, од личностите кои биле во брак, само 2,8% пријавиле ниско животно задоволство, во споредба со 10% од разведените. Задоволството, меѓутоа, се зголемило во областите на здравјето, финансиите и слободното време кај оние кои не се во брак. Но, според едно слично истражување од Харвард, се открило дека најважните показатели за добар живот не се ниту од економска, ниту од социјална природа, туку произлегуваат од силата на нашите приватни односи.