Што му прави 3-дневниот пост на човечкото тело?

Што му прави 3-дневниот пост на човечкото тело?

Истражувачите од универзитетот во Јужна Калифорнија откриле дека постењето од само 3 дена може да го регенерира целиот имунитет. Тие го опишале своето откритие како неверојатно кога станува збор за природни засилувачи на имунитетот.

(1)shto-mu-pravi-3-dnevniot-post-na-chovechkoto-telo-kafepauza.mk

Во минатото постењето било критикувано од нутриционистите бидејќи наводно не било здраво. Но, ова истражување соопштува дека изгладнувањето предизвикува создавање нови бели крвни зрнца кои помагаат во борбата против инфекциите. Истражувачите кажале дека нивното откритие е особено важно за луѓето кои страдаат од нарушување на имунолошкиот систем, како пациенти со рак кои примаат хемотерапија. Постарите луѓе исто така ги чувствувале придобивките.

Како што луѓето растат, имунитетот слабее па станува тешко да се одбрани и од наједноставните болести. Но постењето може да го среди тоа. Постот од 72 часа исто така ги штити пациентите со рак од штетното влијание на хемотерапијата. Главниот научник на истражувањето, професор Валтер Лонго изјавил дека истражувањето е доказ дека постот му помага на човечкото тело да создаде нов имунолошки систем.

(2)shto-mu-pravi-3-dnevniot-post-na-chovechkoto-telo-kafepauza.mk

За време на експерименталниот дел од истражувањето, некои од испитаниците биле замолени редовно да постат помеѓу 2 и 4 дена во период од 6 месеци. Се открило дека постењето покрај тоа што го зајакнува имунитетот, го намалува и ензимот ПКА, хормон кој го зголемува ризикот од рак и тумор кај постарите личности.

„Она што почнавме да го забележуваме и кај луѓето и кај животните, е дека за време на постот се намалува бројот на бели крвни зрнца, но кога повторно ќе се почне со нормална исхрана, тие повторно се појавуваат. Па се прашавме од каде доаѓаат“, изјавил Лонго.

Истражувањето покажало дека постењето не само што го тера телото да ги користи резервите на гликоза и сало, но го намалува бројот на белите крвни клетки. Во секој циклус на постење, ова намалување на клетките предизвикува обновување на имунолошкиот систем.

Virus in blood - Scanning Electron Microscopy stylised

„Не можевме да предвидиме дека долгиот пост има таков неверојатен ефект. Кога се изгладнувате, системот се обидува да зачува енергија, па рециклира многу од имунолошките клетки кои не се потребни, особено оние кои се оштетени“, додал Лонго.

Се очекуваат уште медицински истражувања за ова откритие. Ако се потврдат овие пронајдоци, можеби постењето ќе стане дел од многу терапии во иднина.

Дознајте и што ќе се случи со вашето тело ако престанете да јадете чипс.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар