Што може да ви каже положбата на спиење на вашето куче?
Повеќето сопственици на кучиња ги знаат навиките на нивното милениче и лесно разбираат дали тоа е среќно, загрижено, изненадено или исплашено. Но што значат положбите на спиење на кучињата? Како луѓето, и кучињата имаат омилени позиции од кои можете да научите многу.
1. Снежна топка
Оваа е најпопуларната положба на спиење кај кучињата. Положбата му овозможува на животното брзо да стане доколку се појави некаква опасност. Исто така најчесто кучињата не се во длабок сон во оваа положба, туку дремат. Ова е положба за чување.
2. Палачинка
Во оваа положба кучето е во длабок сон. Дури и ако немале напорен ден, многу животни сакаат да спијат во оваа положба. Исто така ако кучето спие на неговата страна значи дека се чувствува безбедно бидејќи не ги крие виталните органи. Кучињата спијат во оваа положба кога им е удобно и кога им веруваат на луѓето околу нив. Овие кучиња имаат многу силна поврзаност со нивните семејства.
3. Супермен
Многу кученца спијат на овој начин, но некои раси спијат вака и кога ќе пораснат. Кученцата ја сакаат оваа положба бидејќи се енергични и лесно можат да станат. Ако забележите дека вашето возрасно куче често спие во оваа положба, тоа значи дека е полно со енергија и секогаш подготвено да си игра.
Продолжува на следната страница…