Што можат новогодишната елка и стилот на украсување да откријат за вас?
Како ќе изгледа нашата новогодишна елка одредуваат украсите кои за нас се од сентиментална вредност, како и оние подароци кои сме ги добиле во текот на годината во облик на новогодишни и божиќни подароци. На неа пред сè може да се препознае нашиот вкус кој го негуваме во украсувањето на домот, како и нашиот животен стил. Ви откриваме неколку „вистини“ кои елката ги кажува за вас. Како што во секоја шега има пола вистина, така и во оваа забавна анализа можеби ќе пронајдете мал дел од реалноста.
1. Ставате златна ѕвезда на врвот
Вие сте традиционалист и сакате сите сегменти од божиќната прослава да бидат по правилата. Обожавате мирис на вистинска елка, ритуалот на нејзиното купување како и внесувањето во домот во декември. Имате цврсти лични уверувања и безгрешен морален компас поради што луѓето ви веруваат.
2. Елка украсена со украси од домашна изработка
Вие сте семеен човек и практичен креативец. Поклоните не ви се потребни, туку важно ви е да сте во друштво на луѓето кои ги сакате. Искрени сте, отворени и поради тоа луѓето обожаваат да бидат во ваше друштво.
3. Обожавате црвени лампиони
Посакувате Божиќ да трае што подолго, ги обожавате украсените и осветлени трговски центри. Амбициозни сте, имате големи соништа и никогаш не се плашите од неуспех, бидејќи знаете дека за секој проблем постои решение.
4. Шарени лампиони
Вие сте екстравагантна личност. Од секогаш сте посакувале „американски“ тип на уредување – што пошарено, тоа подобро. За вас малку никогаш не е повеќе, во секоја смисла. Храбри сте и вашето дрвце е одраз на вашите способности – големо, шарено и храбро.
5. Обожавате сијалички што трепкаат
Вие сте ѕвезда на секоја прослава, желни сте за внимание и луѓето ве обожаваат бидејќи знаат дека секој миг поминат со вас е посебен. Без разлика на сите проблеми, секогаш се трудите да останете ведри и весели, внесувајќи позитивна енергија во животот на своите драги.
6. Сакате исклучиво бели сијалички
Се работи за педантна личност која сака сè да искаже со чистота и едноставност. Умешно комбинирате традиција и елеганција. Вие сте вистински перфекционист кој во секој момент знае што сака и се труди тоа и да го оствари.