Што можат да ви откријат линиите на малиот прст за вашиот карактер?

Што можат да ви откријат линиите на малиот прст за вашиот карактер?

Сигурно сте забележале дека површината на прстите помеѓу трите зглобови не е еднаква. Се верува дека токму должината на секој од трите дела на прстот може да го одреди карактерот на личноста, а тоа особено важи за малиот прст. Трите линии на малиот прст можат да ви помогнат да дознаете сѐ за себе, но и за другите…

Што можат да ви откријат линиите на малиот прст за вашиот карактер?

Прв дел

Ако првиот дел помеѓу зглобовите, оној што е најоддалечен од дланката, има најголема должина, тоа значи дека оставате длабок впечаток кај луѓето. Тие ве сметаат за лидери, бидејќи се издвојувате од толпата и секогаш кога имаат проблем, ви се обраќаат токму вам за совет.

Среден дел

Ако средниот дел од прстот ви е најдолг, тоа е знак дека сте многу нежни и грижливи. Вие се грижите за сите луѓе околу вас и претставувате вистинска мајчинска фигура. Многу сте сочувствителни и сечие страдање го чувствувате како свое.

Од друга страна, пак, доколку овој дел од прстот ви е најкраток, тоа значи дека многу сте тврдоглави и не отстапувате од вашите уверувања дури ни тогаш кога знаете дека грешите. Токму затоа, понекогаш сте напорни за околината.

Трет дел

Доколку третиот дел од вашиот прст, оној што е најблиску до дланката, е пократок од останатите два дела, многу сте смирени и ретко се случува да го повишите тонот или да кажете лош збор. Многу сте искрени, но и наивни, бидејќи очекувате дека сите треба да се како вас, па честопати имате проблеми поради таа ваша особина.

Доколку сакате да дознаете повеќе за себе, прочитајте што кажува линијата на срцето на вашата дланка за вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар