Што мислите за лулашка-водопад?

Што мислите за лулашка-водопад?

Изгледа како во последно време многу уметнички дела да се инспирирани од лулашката, најголемата забава на нашето детство. Но, во овој случај станува збор за нешто сосема поразлично. Лулашката-водопад која била креирана од Мајк Отул, Ендрју Ретклиф, Ијан Карнас и Ендрју Вит има во себе компјутер и секако, многу вода.Што мислите за лулашка-водопад?Во наредново видео можете да забележите како две личности уживаат покрај „вистински“ водопад. Како што се движат напред со лулашката, пред нив се отвара дупка низ која можат да поминат без да бидат намокрени. Овој проект е еден дел уметност, еден дел инженерско чудо и еден дел вистинска забава.

Според нивниот официјален сајт, лулашката работи на следниов начин:

„Водата кружи низ 273 индивидуално контролирани вентили на врвот од структурата каде што создава ѕид од вода. Сензорите кои се монтирани врз неа овозможуваат информации за аголот и брзината на секое движење. Таа информација патува до компјутер кој го предвидува движењето на оној кој се лула. Потоа компјутерот создава дупка во ѕидот од водата, за да му овозможи на оној кој е на лулашката да помине низ водопадот сув.“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. A.D. Reply

    Odlicno ,nesto slicno bi sakal da imam na vlezot vo mojot dvor

Остави коментар