Што мислиме дека значи добриот живот и што тој навистина значи?
Мислиме дека добар живот значи неограничен број пријатели – стотици луѓе со кои се гледаме, стапуваме во контакт и редовно се забавуваме. Неделни покани за пијачки и вечери, викенди исполнети со социјални настани, пораки и повици и прашања што планираме да правиме подоцна. Но, понекогаш, добар живот значи неколку лојални, верни пријатели кои секогаш можат да нѐ насмеат, да нѐ поддржат и со кои можеме да се почувствуваме среќни, безбедни и да бидеме тоа што сме.
Мислиме дека добар живот значи да знаеме што сакаме да правиме уште од мала возраст. И некое луѓе се доволно среќни да го постигнат тоа. Но, понекогаш, добар живот значи да ги држиме опциите отворени, да ги прифаќаме новите шанси, да научиме повеќе за себе со секоја нова ситуација со која се соочуваме. Значи исто толку колку и радоста која ја чувствуваме во процесот на себеистражување, колку и радоста кога ќе го откриеме својот вистински животен повик.
Мислиме дека добар живот значи вистинска љубов. И тоа е навистина така. Но, она што го прави животот добар е откривањето колку сме способни да бидеме тоа што сме и кога сме со партнерот и кога сме сами. Да научиме колку е силна љубовта кога е создадена од две уникатни целини кои се споиле за да направат уште подобра комбинација. Добриот живот значи да се најде вистинска љубов, но никогаш да не заборавиме на себеси.
Мислиме дека добар живот значи да бидеме подобри од сите околу нас. Колку повеќе пари заработуваме, колку поатрактивни партнери имаме и колку поимпресивно звучи нашиот работен статус толку сме посреќни. Но, добар живот значи разбирањето на фактот дека некој секогаш ќе има подобар живот од нас. Некој секогаш ќе заработува повеќе или ќе биде физички попривлечен и ќе има исто толку привлечен партнер.
Добриот живот значи да се прифати оваа информација како вистина и потоа концептуално да се напушти. Тој значи да сфатиме дека има многу повеќе во секоја приказна. Дека на никој не му е лесно. Дека сите се борат со нешто, не само ние. И на тој начин, иако љубомората дека сме само обични смртници никогаш нема целосно да се искорени, сепак ќе нема да има голема моќ врз нас.
Мислиме дека добар живот значи да бидеме имуни на предрасудите, на погрдните зборови, на несигурноста, сомнежот, срамот и критиката. Но, добар живот значи сфаќањето дека сите ние сме само луѓе. Дека никогаш нема да се ослободиме од стравовите. Дека секогаш ќе продолжиме да се движиме напред, и покрај непријатните чувства.
Добриот живот не значи да триумфираме и да ги поразиме погледите и шепотите на другите, туку да им го намалиме гласот онолку колку што е потребно за да го живееме животот кој го сакаме, а сепак да ги оставиме доволно гласни за да не бидат игнорирани.
Мислиме дека добриот живот значи бркањето на среќата додека не ја постигнеме. Но, она што навистина значи е учењето како да ја откриеме среќата која веќе постои во животот околу нас, доколку обрнеме внимание. Да имаме контрола врз нашата сопственост, а не таа врз нас. Да го цениме квалитетот на она што го имаме, повеќе отколку квантитетот. Да се радуваме и да бидеме задоволни од малите работи кои ги земаме здраво за готово.
Размислете за работите кои порано сте ги посакувале и чувството кое ве обзело кога сте ги добиле. И потоа, за тоа колку брзо сте се навикнале на нив. Колку брзо се вклопиле во вашето обично секојдневие. Сега размислете за сите оние големи работи кои ги посакувате во својата иднина и разберете дека исто како и малите работите, така и тие ќе почнат да се соединуваат со вашиот живот, на истиот начин. Објектот на ситуацијата можеби е траен, но возбудата од постигнувањето е краткотрајна и повремена. Тоа не значи среќа, бидејќи среќата е веќе тука.