Што мислат мажите за изборите за мис?
Автор: Софија Сионова
Момците гледаат најразлични шоуа, спортски натпревари, забавни емисии, но никогаш не би седнале да гледаат избор за мис, барем не сами. Нивното познавање на оваа тема се темели на она што го читаат на интернет и по нешто што ќе фатат случајно на телевизија. Тие воопшто не сфаќаат што гледаат и веројатно не би знаеле да го објаснат тоа. Но еден маж решил да седне сам да гледа и да се обиде да сфати што всушност се случува во светот на жените.
1. Воведна парада
Сите слегуваат по скалите и ѝ мавтаат на публиката. Сите имаат траки на кои се напишани нивните имиња или пак броеви за да можат судиите да ги следат. Не е познато дали уште од тогаш се оценуваат, но ако една од нив падне или ѝ се случи друга засрамувачка ситуација, судиите ќе забележат. Можеби дури и ќе ја дисквалификуваат.
2. Се редат во матурски фустани
Ќе облечат преубави долги тоалети, а судиите ги меркаат и ги оценуваат. Критериумите не се познати, но судиите се секогаш стари. Не е јасно дали оценувањето на овие жени е врз база на нивната природна убавина или се темели на претпоставката дали би имале секс со нив, колку добро им стои фустанот или дали би биле горди кога тие би биле нивни внуки. Без разлика, скалата е 1-10. Ако се под 7, водителот пред сите ги тера да ја напуштат сцената и тогаш веројатно нивните дедовци се разочарани.
3. Зборување за промена на светот
Преостанатите конкурентки ги прашуваат што би направиле кога би можеле да го променат светот, бидејќи хуманоста е во директна корелација со убавината. Нивните одговори се секогаш амбициозни. Нема шпекулации во однос на тоа прашање. Секако дека би ставиле крај на гладот ако ја имате моќта на богиња со прекрасни нозе и перфектни бели заби. Би сакал само еднаш да речат нешто што е навистина возможно и реално.
4. Бикини натпревар
Исто како со матурските фустани, со единствена разлика што сега се во костими за капење. Уште повеќе жени испраќаат во егзил од сцената, осудени на озборување како не успеале и зошто.
5. Прашања, прашања, прашања…
Можеби се останати, ајде да речеме околу 30 девојки, а судиите ги прашуваат незгодни прашања. Можеби за нивната работа? Се прашувам дали самото учество во изборот за мис го сметаат за занимање. Не знам што би ги прашал кога би бил судија, можеби само: „Што е работата со тебе?“
6. Покажување талент
Преостанатите натпреварувачки се качуваат на сцената и ги демонстрираат нивните таленти и способности. Нивните таленти се секогаш глупави (број 7). А ако не се, тогаш овие жени би правеле нешто друго наместо да се пријавуваат за натпреваров.
7. Некој врти чинии
Секогаш некој врти чинии, ама баш секогаш. Исто така ќе видите натпреварувач кој врти со јаже. Сите преостанати пеат. Ако може да врти чинии додека пее, тогаш таа има најголеми шанси за победа.
8. Преостанатите три
Судиите ги одбираат најдобрите три преку сложениот алгоритам кој се состои од фустаните, костимите за капење и колку долго може напразно да се зборува за промена на светот и ако сѐ уште може да се искористи она што се користело во основно училиште за приредби, тогаш местото во финалето е загарантирано. Исто така сметам дека „судија на избор за мис“ е уште една од оние професии каде што е дозволено да се појавиш целосно пијан.
9. „Што би направиле со милион долари?“
Кандидатките ги кажуваат нивните три омилени хуманитарни фондации или зборуваат за тоа како би било да изградат школо некаде каде што немаат ни вода за пиење. Исто така честа тема се и „лошите работи“ поради кои се чувствуваат толку лошо со цел да им докажат на судиите дека не се умоболни.
10. Судиите избираат фаворити
Колку повеќе размислувам за ова толку повеќе сфаќам дека во прашање е случаен избор. Не постои систем како во уметничкото лизгање, со ценети и познати судии. Ги изгуглав судииве и увидов дека целава работа е апсолутно случајна. Некоја група луѓе ја прогласуваат за Мис само затоа што е добра и фина?!
11. Победничката оди и прави… нешто
Постои парична награда? Сигурен сум дека има некој вид трофеј. Секогаш има трофеј. И тогаш можеби таа оди и волонтира една година. Ја плаќаат за тоа како демек има организација и таа оди по светот и се обидува да ги поправи сите нешта што ги наведе кога ја прашуваа, но бидејќи не успева, следната година бараат нова иста таква која ќе го заврши гладот во рок од една година, а ако некогаш ја најдат можеби и целава шарада ќе заврши.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
ne sum masko, zensko sum, ali istovo mislenje go imam za izborot za mis.