Што местото на кое имате тетоважа открива за вас?
Историјата на тетовирањето потекнува од 5.000 години пред новата ера, а тетоважите биле симбол за статус, вера, плодност, храброст или полна зрелост. Секоја античка култура различно ги толкувала симболите. Па така, во стар Египет скорпијата симболизирала заштитничка од лошите сили, а во будистичката митологија означувала мир, односно била миротворец. И во секоја модерна култура симболиката варира, па во американската змејот е симбол на сила, а во јапонската означува мудрост и интелигенција. Кога е во „друштво“ со тигар означува мудрост и убавина.
Во денешно време помеѓу најпопуларните симболи се: племенските ознаки, хороскопските знаци, крстот, змејот, лавот, розата и пеперутката. Ангелите се симбол за верност, духовност и вера. Но, што местото на кое имате тетоважа открива за вас?
1. Врат
Тетоважите на вратот се исклучително видливи, па оној кој ги носи е храбар. Лицето и главата даваат повеќе информации од кој било друг дел од телото.
2. Грб, гради, нозе
Луѓето кои имаат тетоважи на овие делови од телото ги краси социјална снаодливост и амбициозност. Кога ќе се одлучите да не ја криете тетоважата, ја ограничувате вашата социјална сфера, бидејќи цртежите на телото не се популарни во големите компании. Но, кога тетоважата може да се сокрие зад облеката, оној кој ја носи е сигурен. Сепак, вашата индивидуалност можете да ја покажете на плажа или во кревет.
3. Бицепси
Силата на горниот дел од телото еволуирала во текот на милион години за извршување на важни задачи како што е и убивањето на лавови. Оној кој е истетовиран на ова место е заштитнички настроен и остар кон противниците.
4. Бутови
Овие тетоважи претставуваат нешто од исклучителна сентиментална вредност и се на место кое многу лесно може да се сокрие. Личностите кои ги носат поседуваат многу љубов и отвореност, но сепак се резервирани и тоа го даваат по заслуга.
5. На долниот дел од грбот
Овие сензуални личности поприлично се свесни за себе. Тие имаат високо ниво на самодоверба, се сакаат и прифаќаат себеси.
Доколку немате ниту една тетоважа, а сакате да се тетовирате погледнете што сѐ треба да знаете.